Македонија нема амбасадор во Вашингтон повеќе од три години, откако измина мандатот на последниот амбасадор Васко Наумовски.

Објавил: admin@magazin | 10 февруари, 2021 18:55

Фрчкоски избран за нов амбасадор на Македонија во САД

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Поранешниот министер за внатрешни и за надворешни работи Љубомир Фрчковски е избор на Владата за иден амбасадор на Македонија во Вашингтон. Како што се дознава, процедурата за обезбедување агреман е почната и се чека одговор од САД, пренесе Независен!

Македонија нема амбасадор во Вашингтон повеќе од три години, откако измина мандатот на последниот амбасадор Васко Наумовски.

Пречка беше несоработката со екс претседателот Ѓорѓе Иванов, изборите , како и блокадите на амбасадорите во Парламентот од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

Испразнета е и амбасадата на Македонија во Москва за каде што се подготвува да замине Ненад Колев, дипломат од МНР. Со овие именувања ќе се пополнат најважните испразнети амбасади на Македонија, освен таа во Обединерите нации и амбасадата во Брисел, Белгија, каде што требаше да замине Игор Поповски, но поради семејни проблеми по се изгледа испаѓа од комбинација. Неофицијално за таа позиција се борел миленикот на ДУИ, Лазар Еленовски, кој живее во Брисел, но нема работа.

Еленовски беше амбасадор на Македонија во Белгија како кадар на ДУИ, а потоа неколку години специјален пратеник во НАТО – измислена паралелна функција со единствена цел да се згрижи миленикот на владеечката албанска партија. Еленовски се обиде да стане и амбасадор во НАТО, но таа идеја не наиде на разбирање во СДСМ, каде што беше поранешен партиски член пред да формира сопствена партија и да влезе во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ!

Тој нема намера да се врати во Македонија, а врските тука ги одржува само за да си обезбеди сретства за живот во Белгија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.