Човекот кој се "офајди" од пишувањето Устав во 1991-ва година и Амандмани во 2001-ва година и беше министер 7 години земаше пари од вештачка држава на вештачка нација

Објавил: Мирко Бачиќ | 22 август, 2018 7:20

Фрчкоски: “Македонија е измислена земја со измислена нација”

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Професорот Љубомир Фрчковски во интервју за “Иквал Тајмс” на тема што ќе значи промената на името за македонскито идентитет истакнува дека Македонија е мала нација која дели многу елементи со бугарската и албанската култура.

Како што вели тој самата држава е релативно млада бидејќи по Втората светска војна Титовата Југославија ја создава Македонија во рамките на границите како што ги знаеме денес промовирајќи го македонскиот јазик и македонскиот идентитет.

“Прашањето за идентитетот и заедничката култура беа критични прашања во овој спор со Грција вели Љубомир Фрчкоски во изјавата за “Иквал Тајмс” во написот насловен “Што ќе значи промена на името за (северно) македонскиот идентитет?”

Границите на земјата се менувале низ вековите објаснува Фрчкоски така што територијата на денешна Македонија сукцесивно припаѓаше на римските и византиските империи на средновековните српски и бугарски проследени со Отоманската империја речиси 500 години сe до Првата балканска војна во 1912 година.

Љубомир Данаилов Фрчкоски е универзитетски професор и еден од експертите кои го пишуваа Уставот на Република Македонија донесен на 17-ти номеври 1991 година но и за Амандманите кон истиот во 2001-ва година. Фрчкоски министер без ресор од 1991 до 1992 година па министер за внатрешни работи од 1992 до 1996 година и министер за надворешни работи од 1996 до 1997 година во Владата на Бранко Црвенковски и СДСМ. Бил советник на претседателот Киро Глигоров а имал и неуспешен обид како кандидат за претседател на Македонија од СДСМ во 2009 година кога загуби од актуелниот претседател Ѓорге Иванов.

Многу историчарите и етнографи ги класифицираа жителите на Македонија како етнички Бугари пред тоа време иако постојат докази во Соединетите Американски Држави за имигранти од 19-ти век во кои изјавуваат дека нивниот идентитет е “македонски” во официјалните документи за имиграција.

“Можеме да живееме со префиксот “Северна” во името на земјата. Никогаш не се работеше само за името.” – објаснува Фрчкоски.

“Името е исто така поврзано со концептот на нашиот идентитет за тоа кои сме. Tоа е нешто како прашање на “опстанок” кога сте мала словенска нација од само два милиона луѓе што лесно може да се “асимилираат” од вашите поголеми соседи.” – објаснува Фрчкоски.

На оваа изјава на еден од пишувачите на Уставот на Република Македонија која сега за него е измислена држава во која живее измислен народ со реакции се јави поранешната министерка за култура Ганка Цветановска со Твит на социјалните мрежи.

“Фрчкоски тврди дека Македонија е измислена нација. Патем кажано сите нации се измислени. Не случајно Бенедикт Андерсон ги нарекува “замислени заедници”. Суштината не е во нивната лажност или вистинитост туку во правото на самоопределување на нејзините членови!”

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести