Иако е еден од уставописците, Фрчкоски очигледно измисли нова категорија на импичмент, по кратка постапка за дело кое ни Јавното обвинителство нема сомнеж дека е направено

Објавил: Мартин Попоски | 7 декември, 2018 6:05

Фрчкоски открива, импичмент по кратка постапка и судење за претседателот Иванов

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Фрчкоски, го открива планот кој задкулисно стои во спомнувањето на членови од кабинетот на претседателот Иванов за немилите настани во Собранието.

Брз импичмент и судење на претседателот, според професорот Љубомир Фрчкоски може да се случи по расплет на настаните од 27 април минатата година, ако се утврди дека и Ѓорге Иванов бил вмешан во сценариото за прогласување воена состојба.

Oва тој го изјави вечерва во Анализа на ТВ 24.

Фрчкоски оди контра официјалниот став на обвинителството дека ниту претседателот Иванов ниту членови од кабинетор имаав врска со настаните во Собранието.

Воедно изјави дека ако Албанците кои наводно биле наоружани и го поминеле мостот, работата би отишла предалеку, но смета дека Американците интервенирале во последен момент.

Вели дека имало луѓе кои биле плаќани на најнизок можен начин, за да потпалуваат. Смета дека врвот на криминалното гнездо мора да се изведе пред лицето на правдата, кое подготвувало монструозно сценарио за државен удар.

Поранешниот министер за здравство, Имер Селмани пак смета дека по бегството на поранешниот премиерот, Никола Груевски луѓето се охрабрени и со сведочењата многу работи ќе излезат на виделина.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести