Откако пројавил симптоми на коронавирусот, се подложил на тест кој дал позитивен резултат, а примен е во болнички услови со покачена температури, истрошеност и малаксаност.

Објавил: Перо Милчин | 24 декември, 2020 9:03

Фрчкоски пренесен на интензивна клиника: Има корона се бори за живот?

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Универзитетскиот професор Љубомир Фрчкоски е хоспитализиран на Клиниката на инфективни состојби и фебрилни состојби во Скопје со потешка слика на ковид-19.

Откако пројавил симптоми на коронавирусот, се подложил на тест кој дал позитивен резултат, а примен е во болнички услови со покачена температури, истрошеност и малаксаност.

Во периодот од 1991 до 1997 година бил министер во владата на Бранко Црвенковски. Така, до 1992 година бил министер без ресор, од 1992 до 1996 бил Министер за внатрешни работи, од 1996 до 1997 година Министер за надворешни работи.

Фрчкоски е професор по меѓународно меѓународни односи и Современи политички теории на Правниот факултет во Скопје!

Фрчкоски бил еден од експертите вклучени во подготовката на Уставот на Република Македонија од 17 ноември 1991, како и на амандманите на Уставот од 2001 година. Од 1994 година, тој бил член на IFRI, Францускиот Институт за меѓународни односи.

Фрчкоски, исто така е член на Асоцијацијата за меѓународно право- Скопје и. поранешен генерален секретар на Форумот за човекови права. Во 2002 година, бил избран за член на ECRI при Советот на Европа!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести