Од ВМРО додаваат дека Зоран Заев е должен да им каже на граѓаните дали пред вториот круг од претседателските избори тој се сретнал со Али Ахмети и за што се разговарало на оваа тајна средба.

Објавил: Катерина Крстиќ | 12 јуни, 2019 14:28

„Функциите се минливи, Македонија е се што имаме -Заев мора да разбере дека фотелјатa не е поважна од граѓаните”

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Опозициската партија ВМРО, обвинува дека премиерот Зоран Заев и натаму продолжува со распродажбата на државните и националните интереси со единствена цел остварување на своите лични аспирации за власт, пари и моќ.

Аболицираниот Заев и неговата криминална банда по кој знае кој пат партиските ги ставаат пред државните и националните интереси

Аболицираниот Заев и неговата криминална банда по кој знае кој пат партиските ги ставаат пред државните и националните интереси.Полека но сигурно Македонија станува непрепознатлива држава за граѓаните кои целиот свој живот го поминале во неа, но Заев не запира тука. Дали Република Македонија и натаму ќе се редефинира, дали ќе се исцртуваат нови граници?стои во соопштението на ВМРО.

Од таму додаваат дека Зоран Заев е должен да им каже на граѓаните дали пред вториот круг од претседателските избори тој се сретнал со Али Ахмети и за што се разговарало на оваа тајна средба.

Тој мора да запре со политиката на пазарење на сметка на државните и националните интереси со единствена цел зачувување на својата фотелја на Илинденска б.б.Функциите се минливи, а Република Македонија е се што имаме,  Зоран Заев мора да го разбере ова. Премиерската фотелја не е поважна од интересите на македонските граѓани. Од интерес на граѓаните е да се спроведе Европски попис, а не попис каков што Заев договорил на тркалезна маса, попис на матични броев. Пописот е статистичка, а не политичка операција, операција од суштинско значење за тековите во една држава,стои во соопштението на ВМРО.

Премиерот Заев мора час поскоро да си замине од политиката, велат од ВМРО, од каде додаваат дека Заев мора веднаш да поднесе оставка за да се стави крај на понижувањата и разочарувањата кои тој им ги сервира на македонските граѓани.

Македонија мора да се врати на вистинскиот пат, на патот на реформи и економски просперитет. Стотици наши граѓаните си заминуваат секој месец, на ова мора да се стави крај.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести