Поранешниот прв "соросовец", режисерот Владимир Милчин, со став дека ДУИ максимално уживаат во поволностите од рамковниот договор, и скептицизам за Преспанскиот

Објавил: Мартин Попоски | 13 ноември, 2018 13:23

Функционерите на ДУИ се заштитени мечки, добиваат плата и кога не одат на работа

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Поранешниот прв човек на Фондацијата на Џорџ Сорос, Отворено Општество Македонија, Владмимир Милчин, со свои ставови по однос на изјавите на ДУИ во врска со уставните измени но и Преспанскиот договор.

Милчин првенствено реагира на изјавата на Ахмети, која ја смета за конфузна и милитантна.

Вклучувањето на Рамковниот договор во Преамбулата на Уставот не е услов за членство во НАТО и за отпочнување преговори со ЕУ. Тој потег можам да го протолкувам само како последица на условување од страна на Али Ахмети, кој веќе најави и барање за консензуален претседател, за што тој и неговите ќе се бореле „со фанатизам“. Што ли му значи тоа „со фанатизам“? Со калашникови? – се прашува Милчин.

Според Милчин Рамковниот договор е основ за сите бенефиции кои 16 години ги имаат функционерите на ДУИ. 

Рамковниот договор денес значи само тоа дека функционерите на ДУИ се заштитени мечки кои добиваат плата и кога не се појавуваат на работа. – вели режисерот Владимир Милчин.

Поранешниот прв човек на Фондацијата на Сорос Отворено општество е скептичен дека Грција ќе го ратификува Преспанскиот договор, со што ќе ни се отвори врата за НАТО и ЕУ.

Ништо не е дефинитивно, не само за нас, туку и за ЕУ, за НАТО, па дури и за човештвото. Национализмот повампирен во фашизам одново маршира среде Европа. Нема гаранции дека грчкиот парламент ќе го ратификува договорот од Преспа дури и доколку Собранието на Република Македонија го усвои новото име на државата заедно со другите амандмани.

Не знам дали некој во владата и во СДСМ направил анализа за последиците на таквиот крај на неколкумесечната агонија? Не сум убеден дека ќе биде доволно едно пиши-бриши за да се санираат последиците од изнудената промена на името и на Уставот на Република Македонија. – вели Милчин. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.