Ахмети оценил дека тројца негови министри не треба да бидат во новиот владин состав, Заев посочил исто така три имиња, Анѓушев сам нуди оставка, Шекеринска не го дава Филипче

Објавил: Мартин Попоски | 13 ноември, 2018 8:33

Хазби Лика си заминува, Филипче безбеден како бела мечка

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

И покрај политичкиот инцидент кој го предизвика Заев со обидот за незаконски притвор и спроведување во затвор на пратеникот Никола Груевски, владата продолжува со кардовите измени.

Според сите информации, бројот на министри кои ќе ја напуштат “Илинденска” број 2 расте, и дел од минстрите и самите побарале да не бидат во новиот владин состав.

Претседателите на партиите да одлучат дали треба да се прави реконструкција на Владата или измени во кадровските решенија, изјави и вицепремиерот Бујар Османи за проблемот со непојавувањето на вицепремиерот задолжен за спроведувањето на Рамковниот Договор, Хазби Лика во владата.

Сепак претседателите на политичките партии кои ја сочинуваат коалицијата имаат право да проценат за резултатите на Влада, на поединечни кадровски решенија или пак да понудат измени на тие кадровски решенија, ние сме министри предложени од овие политички претседатели и ја завршуваме нашата работа согласно законот и ја реализираме програмата на Владата. На господинот Заев и на господинот Ахмети е таа одлука. – изјави Османи.

Од блокот министри Албанци, се очекува да има три промени, додека од кадрите на СДСМ и Заев, се најавува можно заминување на Сугареси и Тевдовски, воедно Кочо Анѓушев сам се понудил да не е веќе во владиниот кабинет.

Иако на адреса на министерот за здравство Венко Филипче, имало најмногу забелешки, Шекеринска ставила мораториум на можноста тој да биде сменет.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.