Ова е трета изјава на еврокомесарот Јоханес Хан, како тивка најава дека по уставните промени во Македонија, не треба да се очекува ветената брза ЕУ а и НАТО интеграција

Објавил: Мартин Попоски | 19 ноември, 2018 12:53

Хан го закопа Преспанскиот, и Северна да е, во ЕУ за 25 години

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

По изјавата на еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, дека процесот ќе оди фазно и дека нема сите земји од Западен Балкан во исто време да станат членки на ЕУ се отвори прашањето за Северна Македонија.

Имено Хан и претходно има изјавено дека први на листата се Србија и Црна Гора, додека 25 до 30 години покасно во збирен пакет би можеле да влезат Албанија и Македонија, додека Косово и Босна и Херцеговина би почекале уште некоја декада. 

Проширувањето на Западен Балкан е еден од приоритетите на Европската унија (ЕУ), а секоја држава ќе се третира одделно, според постигнувањата, порача еврокомесарот за проширување Јоханес Хан од Виена.

По средбата со лидерите на Западен Балкан, Хан рече дека не е реален истовремен влез во ЕУ на земјите од Западен Балкан, но и дека сите шест земји имаат европска перспектива.

Во Виена се одржа официјалниот работен појадок за премиерите од Западен Балкан, организиран од австрискиот канцелар Себастијан Курц.

Курц на прес-конференција изјави дека, до крајот на претседавањето со ЕУ Австрија, кога станува збор за прашањето за земјите од Западен Балкан, фокусот го става на има три точки или , патот на регионот кон ЕУ, неопходната регионална соработка и решавање на билатералните конфликти во регионот.

На состанокот стана збор за европската перспектива на Западен Балкан, регионалната соработка и за билатералните конфликти.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Европа

- Русија мора да биде принудена да го почитува меѓународното право и да престане со агресивните активности и активности насочени кон монополизирање на енергетската ситуација во Европа. Додека не го направат тоа, нема да бидат партнер, прво треба да се однесуваат како нормална држава. Тие сакаат да го прошират своето влијание, а денеска разговарав со Ѓукановиќ за тоа. За агресијата во Украина, обидите за дестабилизација на ситуацијата во БиХ, Косово... Треба да го запреме тоа и тоа беше тема на разговорот и пред се прашањата што му ги поставив на претседателот како личност која ја познава политиката во регионот и ја знае ситуацијата совршено, во најситни детали - рече тој е Дуда.

Ѓукановиќ вели дека сме сведоци на значителен пустош на општествата од Западен Балкан.

- Ова е последица на отсуството на попроактивна политика за проширување на ЕУ, но и искористување на тој простор од деструктивната политика на Русија. Мислам дека тоа е нешто што не обврзува да се обидеме да го спречиме идното оддалечување на регионот од евроатлантскиот автопат. Русија се обидува да ги врати правилата на политиката на Студената војна преку ревизија на историјата и да го искористи правото да одлучува за судбината на другите - смета Ѓукановиќ.


Тој смета дека Европа минува низ историски тест.

- Или ќе го запреме агресорот и потоа ќе го казниме со политичката и правната казна што следува по тој што убива народ. Или ќе им ја отвориме вратата на идните агресори. Затоа мислам дека ова е историско судење - посочува Ѓукановиќ.

Ѓукановиќ бара казна за Русија: Или Европа ќе го запре агресорот или ќе ги отвориме вратите за идните агресори

Правото што Црна Гора го бараше со враќање на независноста и слободно избирање на својот...

Меѓу самостојните надлежности во Швајцарија спаѓаат здравството, социјалата, редот и мирот и образованието, и данокот.

Сите зборуваат за Швајцарија а многу малку знаат за Вестфалскииот мир

Швајцарија е поделена на 26 кантони — сојузни единици што ја сочинуваат државата. Од...