Според Хан С. Македонија, па и Албанија ја завршиле домашната задача и презеле болни и долги реформи и затоа сега Европа е таа која треба да возврати.

Објавил: Весна Петровска | 15 октомври, 2019 19:10

Хан: И се извинувам на Северна Македонија

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Финското претседателство и еврокомесарот за проширување не ја криеја разочараноста од исходот на денешниот Совет за општи работи на ЕУ на кој европските министри не успеаја да постигнат консензус за одредување датум за старт на преговори со С. Македонија и Албанија.

„Сакам рандевуа, но не како ова денеска, ова не беше славен ден за ЕУ, не обвинувам никого… Сега работата е кај Европскиот совет. Денеска договор не беше можен, но огромно мнозинство членки поддржаа старт на преговори, не за првпат, туку за третпат за 16 месеци”, изјави еврокомесарот Јоханес Хан на прес-конференцијата по завршувањето на Советот за општи работи.

Според Хан С. Македонија, па и Албанија ја завршиле домашната задача и презеле болни и долги реформи и затоа сега Европа е таа која треба да возврати.

,,Зборуваме за тамошните граѓани, тие имаат сништа и надежи и ние за нив треба да работиме, а не работиме за интересите на политичарите. Сакам да им се извинам на граѓаните зашто не успеавме да дојдеме до решение” – порача Хан кој, како што вели, се уште има надеж и оптимизам дека врвот на Унијата на состаноците в четврток и в петок ќе ги преземе потребните чекори за враќање на кредибилитетот на ЕУ. Во спротивно, според него, некои други играчи ќе се вмешаат во Западен Балкан и ќе бидат поуспешни од Унијата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести