Метеоролозите најавуваат ново нестабилно време во текот на утрешниот ден.

Објавил: admin@magazin | 28 ноември, 2018 20:40

Хаос во Австралија: Пожари во Квинсленд, Сиднеј поплавен, а 8.000 домови без струја

Фото/Текст извор: ©онлине /магазин

Обилни дождови ги поплавија улиците во Сиднеј и предизвикаа прекини во сообраќајот во Австралија.

До сега поради невремето повеќе од 8.000 домови останале без струја, соопшти најголемата електромрежа во Австралија, Аусгрид.
На патиштата се создал вистински хаос, а од надојдената вода биле евакуирани најмалку петмина возачи.

Се најавуваат нови дождови во текот на утрешниот ден. А метеоролозите соопштија дека просечната количина на дожд што износува за еден месец во Сиднеј наврна за само 2 саати.
Во исто време, поради шумски пожари предизвикани од топлинскиот бран во државата Квинсленд, стотици луѓе морале да се евакуираат од своите домови, уништени се најмалку четири куќи и голема шумска површина.
Стотици пожарникари се во состојба на зголемена готовност поради очекуваните 40 степени Целзиусови и ветровите кои дуваат со 40 километри на час.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.