По должината на брегот на северот паднаа 250 милиметри дожд за 24 часа, додека во регионот Сини Планини паднаа 150 милиметри.

Објавил: Рејхан Бајрами | 9 февруари, 2020 13:57

Бранови од 14 метри и поплави во Австралија: Торнада со високи температури беснеат на запад(ВИДЕО)

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Невремето кое беше проследено со дожд и грмежи ја погоди источна Австралија, додека тропскиот циклон Дамјан ослабе на северозападниот дел на земјата. Во исто време кон западот земјата сè уште се бори против големи пожари.

Метеоролошката агенција денеска соопшти дека паднал силен дожд во Нов Јужен Велс, плимата и осеката е ненормално голема, и дека во многу делови од земјата реките се излеале.

Метеоролозите велат дека денеска обилни врнежи од дожд наврнало во Линден, на западниот дел од Сиднеј, кога за два часа паднале 112 мм дожд.

Дождовите им помогнаа на пожарникарите поради пожарите кои беснеат со месеци во кои се уништени 499.621 хектари земја, како и 312 домови.

По должината на брегот на северот паднаа 250 милиметри дожд за 24 часа, додека во регионот Сини Планини паднаа 150 милиметри.

По крај бреговите на Сиднеј, брановите достигнаа висина од скоро 14 метри, а има поплави на голем број места.  Многу домови останаа без струја заради невремето, објавија две комунални компании Аусгрид и Ендевор Енерџи.

Дождовите им помогнаа на пожарникарите, поради пожарите кои беснеат со месеци во кои се уништени 499.621 хектари земја, како и 312 домови.

Во исто време, шумските пожари продолжуваат да беснеат во западна Австралија.

Во меѓувреме, циклонот Дамјан ослабе по должината на северниот брег во регионот Дамбиер-Карат до категорија „невреме“.

Дневните температури во некои области се прогнозираат да достигнат до 42 степени.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Криза

Авиони на израелското воздухопловство бомбардираа 130 цели на движењето Хамас во појасот Газа во последните три часа. Портпаролот на палестинската Црвена полумесечин,а Мухамед Абу Мусабих изјави за Ал Арабија дека во моментов нема безбедни места во Газа, додавајќи дека секторот од север кон југ е под континуирано гранатирање.

„Тајмс оф Израел“ цитираше висок израелски функционер дека војната во Газа „ќе продолжи со денови или недели, можеби и подолго“.

„Нападите врз Газа ќе бидат извршени со максимална сила и во најголем обем, дури и ако тоа е на штета на израелските граѓани кои се затворени таму“, додаде тој.

Израелска армија: Ја презедовме контролата на целиот граничен појас со Газа

Портпаролот на израелската армија Даниел Хагри изјави дека армијата е во состојба...

Претседателот Володимир Зеленски во своето ноќно видео обраќање вети дека Украина на крајот ќе ги врати градовите што ги изгуби од почетокот на сеопфатната инвазија на Русија на 24 февруари.

Руски проектили погодија станови во Киев

Повеќе експлозии одекнаа во станбена населба во украинскиот главен град рано на 26...