Како што соопштија каталонските власти во протестите се уапсени три лица.

Објавил: admin@magazin | 15 октомври, 2019 21:18

Хаос во Барселона откажани 45 летови: Се судрија полицијата и демонстрантите, повредени 170 лица!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Стотина патници денеска се задржани на аеродромот Ел Прат во Барселона, откако се откажаа 45 летови поради протестите на каталонските сепаратисти, соопштија шпанските медиуми.

Најмалку 170 лица се повредени, меѓу кои 40 полицајци во протестите помеѓу демонстрантите и припадниците на полициската единица за разбивање на демонстрациите во меѓународниот аеродром во Барселона.

Како што соопштија каталонските власти во протестите се уапсени три лица. Демонстрациите започнаа доцна синоќа, а протестите започнаа откако Врховниот суд во Мадрид осуди девет бивши каталонски политичари и активисти на затворските казни од девет до 13 години, поради нивната улога во неуспехот за прогласувањето на независноста на Каталонија во 2017 година.

Најмалку 170 лица се повредени, меѓу кои 40 полицајци во протестите помеѓу учесниците на протестот и припадниците на полициската единица за разбивање на демонстрациите. foto: EPA / Quique Garca.

Тројцата осомничени се прогласени криви само за непослушност и не добија затворска казна.

Бившиот потпретседател на каталонската влада Ориол Зункерас е осуден на 13 години затвор поради побуна и злоупотреба на јавните фондови.

Демонстрантите излегоа на улиците после повикот кои преку социјалните мрежи ја упати групата Демократски цунами, пренесува АП, додавајќи дека министерот за внатрешни работи Фернандо Гранде Марласка изјавил дека таа група е под истрага.

Операторот на шпанскиот аеродром, АЕАНА, соопшти дека повеќе од 1.000 летови ќе бидат пореметени поради протестот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Инциденти

Меѓу демонстрантите имаше и попови, а на масовниот протест се извикуваа слогани и против Владата на Мицотакис, но и против новинарите.

Инциденти во Атина на протестот против вакцината и против задолжителната имунизација

Со инциденти меѓу полицијата и демонстрантите, со молотови коктели, солзавец и топови...