Судијката му посочи дека не треба да кометира, туку треба да одговори со да или со не, по што Јовановски рече дека го разбира, но дека не чувствува вина.

Објавил: Владо Марин | 21 јули, 2020 12:40

ХАОС ВО СУДНИЦА: Му се слоши на таткото на Боки, интервенираше брзата помош (ВИДЕО)

Фото/Текст извор: ©Тв 21

Поради влошување на здравствената состојба на таткото на Бојан Јовановски, Миле Јовановски, судењето за „Меѓународен сојуз“ е прекинато на 30 минути.

Набрзо дојде и брзата помош која интервенираше.

Поради влошување на здравствената состојба на таткото на Бојан Јовановски, Миле Јовановски, судењето за „Меѓународен сојуз“ е прекинато на 30 минути!

Претходно на прашањето дали разбира за што е обвинет, Миле Јовановски, таткото на Бојан Јовановски, направи мало „шоу“ во судницата на судењето за „Меѓународен сојуз“.

„Не разбирам, ништо не е точно, ме правите криминалец на 60 години“, рече Јовановски, пренесува тв 21.

Судијката му посочи дека не треба да кометира, туку треба да одговори со да или со не, по што Јовановски рече дека го разбира, но дека не чувствува вина.

Потоа Миле Јовановски бараше да објасни, но судијата му рече дека во текот на судењето ќе има можност да даде образложение.

Денеска е давање на воведни зборови за предметот, во кој обвинети се Бојан Јовановски, Фросина Ременски, Јасна Мандиќ, Кристина Блажевска и Миле Јовановски.

Видеото можете да го погледнете ТУКА 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.