Поради еден стан во Швајцарија во местото Ерликон, синоќа дошле над 500 луѓе кои се интересирале да го изнајмата истиот, поради што мораше да инитервенира полицијата.

Објавил: Едмонд Бекири | 22 ноември, 2018 10:16

Хаос во Швајцарија, за стан со кирија од 1000 Швајцарски франци!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Четири соби, комплетно реновирани во 2011 година во еден многу пријателски и фамилиарен квартиер во Ерликон  во оштината Цирих, беше причината поради која се создаде хаос на улиците, со над  500 заинтересирани само да го погледнат станот којо евентуално би го изнајмиле. 

За увидот на станот кој можеби не е по „балкански„ терк луѓето мораа да чекаат и по час и 30 минути додека да дојдат на ред за да земат формулари за аплицирање и да го видат истиот.

»Измрзнавме вели еден наш соговорник Македонец, ама кога веќе си дошол се надеваш дека ке дојдиш ан ред, бидејќи во Швајцарија да се најде стан за изнајмување за само 1000 Швајцарски Франци е права сензација вели понатаму нашиот извор

Беше многу ладно, екстремно ладно, ама предизвикот беше добрата цена и четирите соби, а претежно чекаа странци, жени со шамии,незнам од кооја националност, дури имаше и такви кои беа со колички со дечиња, највероватно немале на кому да го остават детето.«

Полициијата од Цирих ни потврди дека морала да интервенира поради многубројните коли кои биле погрешно паркирани немајќи место за паркирање.

Веста беше објавена и во најтиражниот дневен весник во Швајцарија 20 минути, таму една читателка пак вели » чекавме скоро 100 минути , се змрзнавме и кога дојдов на ред сите формулари беа раздадени, јас морав веднаш да барам формулар онлајн, но среќна сум поради околноста дека сепак смеев да го погледнам станот, и да, се пријавив , раскажува читателката од 20минути целата среќна, станот беше прекрасен навистина многу убав, но не верувам дека ќе имам шанса при толку заинтересирани«

Но зошто е еден стан за изнајмување кој чини 1000 Швајцарски франци месечно е  сензација? Еве ги причините:

во Швајцарија со донесувањето на законите за слободен протек на персонал помеѓу европските Земји, преку ноќ се отовори вратата за многу интелектуалци, акдамеци и други кадри од Европската Унија за работа во Швајцарија.

Слика од Архива на порталот 20 мин.@ Во последно време во Швајцарија се почесто се чека во редици кога ќе се појави некој оглас за ефтин стан. Животот е се посакап а платите се исти, луѓето се принудени да мигрираат, во просек секој Швајцарец се преселува најмалце по 5-6 пати во својот живот.

Така на пример ако еден лекар во Германија заработуав кнап, 3000 Евра во Швајцарија истиот заработува 6000 како почетник, понатаму еден Маркетинг Менаџер во Германија заработува околу 2500 – 3500 Евра во Швајцарија истиот ќе заработува најмалце 7000 – 8000 Швајцарски Франци.

Така е и со многу други занимања, но што е поентата од оваа споредба, сите овие подобро платени луѓе им го отворија „апетитот„ на Швајцарските газди да ги покренат енормно кириите, секако правдајќи се дека каматите на хипотеките се многу ниски, и со тоа оние кои послабо заработуваат се потиснати и приморани да бараат шанса за преживување почнувајо од стан со пониска кирија.

Странците во Швајцарија знаат дека становите се прескапи, но условот за да добиеш воопшто работа е да имаш среден однос на стално живеалиште , што значи да бидеш пријавен во општината каде живееш, а за да бидеш пријавен треба да имаш стан кој што често не е ефтин.

Но како изгелда со другите давачки во Швајцарија: ако се земе еден пример на една брутто плата од 4500 Швајцарски франци:

  • Задолжително болничко осигурување без кое нема да добиете пријава во општината најефтино 400,00
  • месечно за исхрана надвор од домот просечно 200,00
  • месечно за исхрана дома  просечно 600,00
  • мобилен просечно 30,00
  • абонемент за воз (автобус) 200,00
  • пушач 150,00
  • порез обликација најмалце 20% на нетто добивка 500,00
  • одбитоци од плата, пензиско, за невработени, инвалид итн 10%  450,00
  • стан норамален просек 1500,00
  • струја, парно 100,00
  • телевизија интернет 75,00
  • ѓубре најмалце 20,00
  • вода и одвод 30,00
  • осигурвање на станот е обликационо 20,00

Ова се отприлика трошоци без кои нема да поминете , што ако се сумира на плата од 4500,00 која за Макеоднски услови изгледа грандиозно ви остануваат само 225,00 Швајцарски франци. Секако ова е само симулација но направена од реални податоци. Овде не се пресметани трошоците за облека , забава, медикаменти , патувања. 

Можеби читателите ќе се запрашаат зошто тогаш во Швајцарија, одоговрот е повеќе од јасен, Швајцариа е држава каде владее правото и законите важат за сите исто, не е секогаш само во парите, туку и во чувството да бидеш дел од општеството без да молиш и да се потчинуваш за да бидеш дел од истото.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.