Компанијата соопшти дека „системскиот проблем“ предизвикал одложување и откажување на летовите од аеродромите Хитроу, Гетвик и Лондон, пренесува АП.

Објавил: Перо Милчин | 7 август, 2019 15:42

ХАОС НА АЕРОДРОМИТЕ ВО ЛОНДОН: ОТКАЖАНИ НАД 100 ЛЕТОВИ!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Британската авиокомпанија „Бритиш ервејз“ денес откажа стотина летови од лондонските аеродроми поради проблеми со компјутерите во системот за чекирање билети.

Како што соопштија Лондонските медиуми „системскиот проблем“ предизвикал одложување и откажување на летовите од аеродромите Хитроу, Гетвик и Лондон.

Откажани се 81 лет до и од Хитроу, а откажани се 10 летови на Гетвик и поместени се повеќе од 200.

Голем број летови се одвиваат вообичаено, но им препорачуваме на нашите клиенти да ги проверат информациите на интернет страницата пред да дојдат на аеродромот…“, се наведува во соопштението „British Airways“.

Ова не е прв случај на пад на компјутерскиот систем на британскиот воздухопловен оператор. Такви дефекти се случија и во мај 2017 и во јули 2018 година.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.