Времето во Македонија е облачно со врнежи претежно од снег, а долж Повардарието главно од дожд или од дожд и снег. Врнежите се поинтензивни особено во јужните делови.

Објавил: Македонка Димкин | 18 ноември, 2018 22:52

Хаос на патиштата во Македонија, власта спие?

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Иако се очекуваше дека ќе дојде зима, сепак снегот практично ја блокираше  пола Македонија. Од вечерва, сообраќајот е во прекин на најголемиот дел од планинските превои низ Македонија

Според инфомрациите на АМСМ од терен, од 16:30 часот забрана за движење на тешки моторни возила е воведна на планинскиот превој Плетвар.

Половина час подоцна, забрана за истата категорија е воведена исто така и на планинскиот превој Стража, а за сите останати видови на возила, задолжителна е употребата на ланци.

Од 17 часот воведена е забрана за тешки товарни возила и на патниот правец Дреново – Прилеп.

Истовремено, од АМСМ соопштија дека по сообраќајката кај Псача, од 17 часот сообраќајот почнал да се одвива но наизменично со соодветна сообраќајна сигнализација и присуство на полицијата.

Се препорачува., доколку не станува збор за итна потреба да не патувате по секоја цена.

Времето во Македонија е облачно со врнежи претежно од снег, а долж Повардарието главно од дожд или од дожд и снег. Врнежите се поинтензивни особено во јужните делови.

До 19 часот вечерва во Битола наврнале 33 литри дожд на метар квадратен, во Претор 28, 27 во Гевгелија, 17 во Демир Капија… На Попова Шапка и Маврово има 18 сантиметри снег, 16 во Маврово и Претор, 15 во Тополчани, 11 во Битола.

Утре се очекува престанок на врнежите и краткотрајно разведрување, а нов влажен и потопол бран со врнежи претежно од дожд ќе има во вторник, кога пообилни врнежи се очекуваат во западните делови.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Сообраќај

Од Синдикатот на контролори на летање велат дека се единствени, а добиваат се поголема поддршка од вработените. Доколку не се исполнат нивните барања, продолжуваат со штрајк секој четврток од 11 до 17 часот, но не ја исклучуваат можноста и за негово интензивирање

Денеска 6 часа без полетувања и слетувања на аеродромите во Скопје и Охрид, поради штрајк

Денеска на двата аеродрома во државата, скопскиот и охридскиот, 6 часа ќе нема полетување...

Кандидатите треба да достават и доказ дека со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност.

ЈСП ОБЈАВИ ОГЛАС ЗА ВОЗАЧИ Кандидатите треба да имаат минимум 2 години возачко искуство

ЈСП „Скопје“ објави оглас за вработување на возачи. На веб страната на јавното претпријатие...

Патничките возови 601 на релација Скопје – Велес и 2080 на релација Велес – Скопје нема да сообраќаат во периодот од 26 јуни до 10 јули, освен во недела кога ќе сообраќаат според возниот ред, информираат од ЈП ЖРСМ Инфраструктура.

Возовите на релација Скопје – Велес нема да сообраќаат од 26 јуни до 10 јули

Возовите на релација Скопје – Велес нема да сообраќаат од 26 јуни до 10 јули! Патничките...