Самоопределување соопшти дека организира активности за на „мирен и симболичен начин да го искажат своето противење на посетата на Вучиќ и Додик“.

Објавил: Рејхан Бајрами | 9 мај, 2019 0:03

ХАОС на улиците во Тирана: Тепачки со полицијата, поради доаѓањето на Вучиќ!

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Поради доаѓањето на српскиот претседател Александар Вучиќ во Тирана, движењето Самоопределување во Тирана организираше протест, во кои демонстрантите се судрија со полицијата.

Вечерва и утре во Тирана се одржува самитот Брдо-Бриони, на кои ќе учествуваат и Вучиќ и Додик, како и претставници на ЕУ и на Полска.

Движењето на Аљбин Курти, не се откажа од протестите против доаѓањето на претседателот на Србија во Тирана, како и претседавачот на Претседателството на Босна и Херцеговина, Милорад Додик, кои вечерва пристигнаа во главниот град на Албанија, на самитот Процес Брдо-Бриони.

Протестот на движењето Самоопределување во Тирана против присуството на српскиот претседател Александар Вучиќ ескалираше во судири со полицијата.

На денешниот протест демонстрантите носеа знамиња на терористичката Ослободителна војска на Косово. Протестот, инаку, како што објави Приштина Коха, не е одобрен од страна на полицијата.

Како што пренесе РТВ 21, претставникот на движењето Самоопределување (Ветевендосје) Бојкен Абази на протестот рече дека Вучиќ и Додик се двајца политичари кои што не ја признаваат независноста на Косово.

Во Тирана демонстрациите се организирани на главната градска улица, Булевар на мачениците на нацијата, на плоштадот Скендербег и седиштето на претседателот на Албанија и канцеларијата на премиерот.

Самоопределување соопшти дека организира активности за на „мирен и симболичен начин да го искажат своето противење на посетата на Вучиќ и Додик“.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Инциденти

Меѓу демонстрантите имаше и попови, а на масовниот протест се извикуваа слогани и против Владата на Мицотакис, но и против новинарите.

Инциденти во Атина на протестот против вакцината и против задолжителната имунизација

Со инциденти меѓу полицијата и демонстрантите, со молотови коктели, солзавец и топови...