Осум пожари се регистрирани на територијата на Град Скопје за време на новогодишната ноќ.

Објавил: admin@magazin | 1 јануари, 2019 12:29

ХАОС НИЗ УЛИЦИТЕ ВО СКОПЈЕ : Изгорени контејнери и штета од 1000 евра

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Осум пожари се регистрирани на територијата на Град Скопје за време на новогодишната ноќ. Дежурните екипи на Територијалната противпожарна единица интервенирале од 19 часот вчера до седум утрово, јави МИА.

Причинета е само материјална штета, нема повредени.

-Пожари предизвикани од запалени контејнери имаше на „Партизанска“ во Општина Карпош, како и на улиците „4 Јули“ во Ѓорче Петров, на „Вуковарска“ во Чаир и на „Јани Лукровски“ во Автокоманда, на улицата „Марко Орешковиќ“ во Кисела Вода регистриран беше пожар предизвикан од оџак, поради електрична бандера се интервенираше и во село Глумово, Општина Сарај, а од сува трева гореше и на „Радишанска“ во Општина Бутел, информира Територијалната противпожарна единица.

Oколу 60.000 денари e штетата од изгорените контејнери.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.