Според првичните информации, ветерот на одредени моменти достигнувал брзина и до 70км на час, а на социјалните мрежи веќе се споделуваат слики од настанати штети.

Објавил: Владо Марин | 27 февруари, 2020 7:10

ХАОС: ОТКОРНАТИ ПОКРИВИ И ДРВЈА НИЗ СКОПЈЕ ОД СИЛНИОТ ВЕТЕР

Фото/Текст извор: ©Магазин

Силен ветер го зафати главниот град доцна вчера вечер.

Ветерот кој околу половина час дуваше во Скопје достигнал и брзина од 70 километри на час а социјалните мрежи беа преплавени со слики од настанати материјални штети односно откорнати покриви, искршени автомобили, паднати дрвја врз објекти.

Булеварот Партизански одреди во Карпош 4 е блокиран од покриви кои се откорнати од околните згради.

Екипите се веќе излезени на терен и започнавме со отстранување на одлетаните кровови и паднатите дрва. Ве замолувам, секој поединечно, да внимава пред се’ за својата лична безбедност, но и безбедноста на другите луѓе и имоти. Состојбата се следи и се превземаат соодветни мерки“, објави Шилегов.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.