Харадинај преку својот Твитер, покрај фотографија со Меркел од нивната средба во Берлин, порача дека „ЕУ ќе биде посилна“ со интегрирањето на шесте земји од регионот.

Објавил: Катерина Крстиќ | 20 август, 2019 10:41

Харадинај до Меркел: Косово е подготвено за ЕУ

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Косовскиот премиер во оставка, Рамуш Харадинај, ја поздрави поддршката што германската канцеларка Ангела Меркел им ја изрази на земјите од Западен Балкан за интегрирање во Европската Унија (ЕУ), јави дописникот на МИА од Приштина.

Преку својот профил на Твитер, Харадинај, покрај фотографија со Меркел од нивната средба во Берлин, порача дека „ЕУ ќе биде посилна“ со интегрирањето на шесте земји од регионот.

– Го поздравувам ставот на канцеларката Меркел за потврда на поддршката за перспективата на Западен Балкан за проширување на ЕУ. Европската унија ќе биде посилна и со поголема добросостојба со интегрирањето на Западен Балкан. Косово е подготвено, напиша Харадинај.

МИА

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.