Харадинај не знае како ќе го преживее настапот на Шакира на отворањето на мостот на Ибар во организација на градоначалникот на јужниот дел на Митровица, Агим Бахтири

Објавил: Мирко Бачиќ | 17 октомври, 2018 9:07

Харадинај: Мене никој нема да ме смени, најмалку Хашим Тачи

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

По зголемувањето на бројот пратеници кои би поддржале гласање недоверба на Владата на Косово, се огласи и премиерот.

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај изјави дека без оглед на плановите и активностите на опозицијата за уривање на Владата и за негова смена од премиерската позиција, тој е решен да продолжи да работи и е убеден дека мандатот ќе го истера до краj.

Кога ќе одлучи Собранието да ја урне Владата, тоа и ќе го стори. Но, јас сум решен да продолжам да работам и ми се чини дека ќе го истерам мандатот до крај, изјави Харадинај по седница на косовската Влада.

Во врска со трансформацијата на Безбедносните сили на Косово (ФСК) во војска на Косово, со пакетот закони кои ќе се најдат на пленарна седница на Собранието во четврток, за што некои опозициски партии изразија сомнеж дека ќе може да се реализира поради немање средства во буџетот, Харадинај рече дека воопшто нема причини за таква вознемиреност.

Градоначалникот на Митровица Агим Бахтири вети дека на отворањето на мостот кој го дели градот на албански и српски дел ќе настапи пејачката Шакира, по кој ќе биде и именуван и дека тоа нема да ја чини неговата општина „ниту еден цент“, затоа што, според него, во интерес на Шакира, како и на другите изведувачи, е да учествуваат на овој настан.

Тој најави дека пакетот од три закони, со кои надлежностите на ФСК се зголемуваат до ниво на вооружени сили, односно војска на Косово, на второ читање во Собранието ќе бидат доставени по 20 ноември.

На овој датум Генералното собрание на Интерпол, на годишната седница во Дубаи, треба да гласа за барањето на Косово за прием во Светската полициска организација.

Мислев законите за ФСК да дојдат во Собрание по 20 ноември. Меѓутоа, првото читање ќе се случи порано. Второто читање треба да биде по 20 ноември, бидејќи на 20 ноември го имаме Интерпол. – изјави Харадинај, нагласувајќи дека нема потреба од никаква загриженост околу финансиите за овој проект.

Во врска со иницијативата на градоначалникот на јужниот дел на Митровица, Агим Бахтири, за одржување спектаткуларен концерт на светската мега ѕвезда Шакира по повод оторањето на мостот на Ибар, кој го дели градот на албански и српски дел, Харадинај рече дека „нема нешто против“, но оти отворањето на тој мост не е некоја работа „за еден ден“.

Затоа, нагласи тој, го замолил Бахтири „да внимава“, поради деликатната ситуација во тој дел од земјата.

Пред себе имаме три чувствивтелни теми: војската, Интерпол и визната либерализација. Секое дејствие треба да биде добро осмислено. Треба да внимаваме да не направиме некој погрешен чекор. – изјави Харадинај.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.