Харадинај се разочара од косовскиот премиер Албин Курти.

Објавил: Рејхан Бајрами | 16 февруари, 2020 11:17

ХАРАДИНАЈ УДРИ ЖЕСТОКО ПО КУРТИ: Премиерот во Минхен го засрами Косово и САД

Фото/Текст извор: ©Foto: Profimedia магазин.мк

Поранешниот косовски премиер Рамуш Харадинај рече дека изјавата на косовскиот премиер Албин Курти дека договорите склучени во Минхен со Белград биле склучени без негово знаење, го посрамоти Косово и ги разочара САД.

Харадинај потсети на својата страница на „Фејсбук“ дека на 30 јануари ги повикал официјалните лица на косовската администрација за цивилно воздухопловство и патниот сообраќај и Министерството за инфраструктура да ги известат за договорот, кој ќе биде потпишан со интервенција на специјалниот претставник на американскиот претставник Ричард Гренел “.

„Премиерот Курти требаше да го стори тоа (за да ја запознае со договорот) и да не ја посрамоти земјата велејќи дека не е информиран“, напиша Харадинај.

Приштинска Газета експерс оценува дека со своите негативни оценки за двата договори на Приштина и Белград новиот косовски премиер Албин Курти „тргнал во нови директни конфронтации со САД“. Тие оценуваат дека тој тоа го прави со инсистирање на царините или реципроцитетот.

За време на тркалезната маса за Западен Балкан, што се одржуваше вчера во Минхен, српскиот претседател Александар Вучиќ го замолкнал Албин Курти.

Курти започнал да го критикува договорот за мини Шенгенот и изјавил за „како треба да се ослободи Србија од Косово“ и како тие ќе воведат реципрочни мерки, на кои српскиот претседател одговорил:

– Не можете да ја навредувате Србија затоа што мислите дека сте голема ѕвезда. Вие не ја претставувате земјата. Половина од светот, Обединетите нации не ве препознаа и ако зборуваме за територијата уште повеќе. Ако продолжите да се навредувате, добро е. Ние ќе сториме сè за да го одржиме мирот и стабилноста, вие нема да нè испровоцирате. Со негирање на нашите напори околу „Шенген“, не ве разбирам. Но, ова е голем предизвик за вас, ако мислите дека играте важен човек – му рече Вучиќ на самопрогласениот премиер.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Косово

Објавени се снимки на кои, според тврдењата на Приштина, се гледаат почетните напади, кога е и убиен припадникот на косовската полиција.

Свеља кажа дека снимките биле најдени во еден од дроновите запленети во Бањска, кој, како што кажа, „бил во рацете на терористите“.

Косовската полиција објави две снимки тврдејќи дека на нив се гледа почетокот на судирот меѓу групата Срби и косовската полиција.



„Видеото ги прикажува првите напади на терористичката група на косовската полиција. Нападите, како што се гледа, се извршени со различно оружје, почнувајќи од зоља и друго тешко вооружување“, тврди косовскиот министер.



Полицијата на Косово објави и фотографии од запленето оружје за кое тврдат дека е произведено во Србија, а дека дел од оружјето и муницијата се произведени во последните години.

Претходно премиерот на Косово Аљбин Курти објави снимки кои, како што тврди, покажуваат дека оружената група од Бањска за нападот се спремала на воен полигон во Србија.

Косовската полиција објави снимки од почетокот на нападот во Бањска (ВИДЕО)

Косовскиот министер за внатрешни работи, Џељаљ Свечља, продолжи да објавува снимки...

Кандидатурата на Косово доби поддршка и од Албанија, каде што ќе се одржат дел од настаните. Позитивна оценка за кандидатурата даде и комисија на МКМИ, која престојуваше во Косово пред една недела.

Косово ја доби организацијата на Медитеранските игри 2030

Генералното собрание на Меѓународниот комитет на Медитеранските игри (МКМИ), што се...

Тие оценија дека безбедносната состојба на северот на Косово е вознемирувачка и тензична.

ЕУЛЕКС: Вознемирени сме од присуството на вооружени и маскирани лица и групи на север од Косово

Мисијата на Европската унија за правда (ЕУЛЕКС) денеска соопшти дека за време на патролите...