Тачи пристигна во седиштето на ЕУЛЕКС со приватен автомобил. Претходно денес, тој поднесе оставка од функцијата претседател откако Специјалниот суд во Хаг го потврди обвинението против него.

Објавил: Рејхан Бајрами | 5 ноември, 2020 14:36

Хашим Тачи поднесе оставка по обвинението за воени злосторства и се предаде на Еулекс

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Косовскиот претседател Хашим Тачи, по оставката, самиот отиде во седиштето на ЕУЛЕКС. Во просториите на мисијaта се наоѓа и Кадри Весели, кој објави дека е поднесено обвинение и против него, јавува репортерката на ТВ Прва.

Тачи пристигна во седиштето на ЕУЛЕКС со приватен автомобил. Претходно денес, тој поднесе оставка од функцијата претседател откако Специјалниот суд во Хаг го потврди обвинението против него.

Владата на Косово по повод потврдувањето на обвиненијата против претседателот на Косово Хашим Тачи и претседателот на Демократската партија на Косово, Кадри Весељи, во соопштение оцени дека „никој не може да суди за нашата борба за слобода“, која е „еден од најсветлите периоди во историјата“.

„УЧК се бореше за ослободувањето на нашата земја, за заштитата на нашиот праг, а не во странски земји, и како таква ја имаше поддршката од меѓународната заедница која кулминираше со НАТО бомбардирањето“ во 1999 година, се наведува во соопштението.

Од Специјалното обвинителство нема официјална потврда дека обвинението се уште е поднесено!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Косово

Објавени се снимки на кои, според тврдењата на Приштина, се гледаат почетните напади, кога е и убиен припадникот на косовската полиција.

Свеља кажа дека снимките биле најдени во еден од дроновите запленети во Бањска, кој, како што кажа, „бил во рацете на терористите“.

Косовската полиција објави две снимки тврдејќи дека на нив се гледа почетокот на судирот меѓу групата Срби и косовската полиција.



„Видеото ги прикажува првите напади на терористичката група на косовската полиција. Нападите, како што се гледа, се извршени со различно оружје, почнувајќи од зоља и друго тешко вооружување“, тврди косовскиот министер.



Полицијата на Косово објави и фотографии од запленето оружје за кое тврдат дека е произведено во Србија, а дека дел од оружјето и муницијата се произведени во последните години.

Претходно премиерот на Косово Аљбин Курти објави снимки кои, како што тврди, покажуваат дека оружената група од Бањска за нападот се спремала на воен полигон во Србија.

Косовската полиција објави снимки од почетокот на нападот во Бањска (ВИДЕО)

Косовскиот министер за внатрешни работи, Џељаљ Свечља, продолжи да објавува снимки...

Кандидатурата на Косово доби поддршка и од Албанија, каде што ќе се одржат дел од настаните. Позитивна оценка за кандидатурата даде и комисија на МКМИ, која престојуваше во Косово пред една недела.

Косово ја доби организацијата на Медитеранските игри 2030

Генералното собрание на Меѓународниот комитет на Медитеранските игри (МКМИ), што се...

Тие оценија дека безбедносната состојба на северот на Косово е вознемирувачка и тензична.

ЕУЛЕКС: Вознемирени сме од присуството на вооружени и маскирани лица и групи на север од Косово

Мисијата на Европската унија за правда (ЕУЛЕКС) денеска соопшти дека за време на патролите...