Пред неколку дена, кога беше помалку ХАЈ, на Тв 24 кажа: “карикирам, можеби Груевски влегол во багажник на кола во подрум". Тоа беше во духот на она од ноември лани дека “можеби" сум бил киднапиран. Неколку дена потоа за интервјуто за ФАЦ во Берлин му се видело ХАЈ ако ги исфрли првите два збора, “карикирам”и “можеби”.

Објавил: Весна Петровска | 15 јуни, 2019 17:26

ХАЈ ГУДБАЈ: Груевски жестоко му одговори на Заев

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Зоран Заев во интервјуто за германскиот весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“изјави дека Груевски бил скриен во багаж и така излегол од државата.

Никола Груевски, сега унгарски азилант, избегал од земјава скриен во багажник од автомобил – откри премиерот Зоран Заев во интервју за германскиот весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“.

„Со лифт се симнал во подрумот, а потоа се сокрил во багажникот на автомобилот со кој бил изнесен од земјата. Во Албанија го чекало унгарско дипломатско возило“, вели премиерот Заев. Вечерта, кога се претпоставува дека почнало бегството, немало, односно било слабо осветлувањето на улицата каде Груевски би можел да излезе со  возилото од гаражата под неговиот дом, а такво нешто не се гледало ни на снимките од системот „Safe sity“. Исто така не бил забележан од камерите на ниту еден македонски граничен премин кон Албанија. За обвинителството нема дилема како излегол од Албанија кон Црна Гора и понатаму до крајната дестинација – Унгарија, и во чија придружба бил. Но, се уште не е утврдено со докази како излегол од нашата земја. Засега претпоставките се дека или избегал преку див премин во таканаречениот зелен појас, или на официјален граничен премин каде не бил евидентиран, пренесува Дојче Веле.

По оваа изјава поранешниот премиер преку Фејсбук статус се огласи и напиша дека никогаш во животот не му дошло на памет да влезе во багаж и исто така открива дека избегал многу лесно.

Во продолжение ви го прикажжуваме целиот статус на Никола Груевски.

ХАЈ ГУДБАЈ
Нашиот премиер деновиве е ептен ХАЈ 😎
Најави човекот уште пред една година, откако започна фамилијарен бизнис со садење марихуана за медицински цели, па ни објаснуваше дека треба да ја легализираме марихуаната за да бидеме сите ХАЈ како што според него биле во Амстердам…

Пред неколку дена, кога беше помалку ХАЈ, на Тв 24 кажа: “карикирам, можеби Груевски влегол во багажник на кола во подрум”. Тоа беше во духот на она од ноември лани дека “можеби” сум бил киднапиран. Неколку дена потоа за интервјуто за ФАЦ во Берлин му се видело ХАЈ ако ги исфрли првите два збора, “карикирам”и “можеби”.

Јас знам дека во животот напамет не ми паднало да влегувам во багажник за било какви цели. Вистината ја знае и Заев. Заминав бидејќи во Македонија се водеа политички мотивирани процеси против мене во кои што однапред се знаеја пресудите нарачани од него лично, иако не постоеја никакви правни аргументи, никакво сторено кривично дело а според тоа ни докази. Заминав бидејќи во затворот ми подготвуваа линч. Вистината е дека заминав многу лесно и едноставно, а тој пред некој ден потроши четвртина од емисијата за отчет говорејќи за мене и како сум заминал, со лажење и фантазирање. Па потоа почна да го лаже и светот преку меѓународните медиуми.

Гледате, тој замислил дека сум заминал, како што неодамна слушнав дека кога беше во опозиција него го носеле и враќале тајно во една соседна држава ,,на консултации,,. Секој си тргнува од себе. Па веројатно си рекол: “ако можев јас да влегувам во багажник за да го сменам името, историјата и идентитетот, зошто пак не тој затоа што не ги смени👀 …”.

Ама “ХАЈ”треба да знае дека се ближи време за ГУДБАЈ. Оти народот не е баш ХАЈ и разбира дека нашиов “ХАЈ” штом отвори уста-лаже. Лаже полесно од што дише. Всушност не лаже само кога молчи 🤐. А најточно веројатно се изразуваат оние кои најдобро го разбираат и најдолго го знаат, струмичаните, кои велат “многу му меле устата”.

П.С. Насловот е позајмен од наслов на роман од Божин Павловски каде насловот нема исто значење ниту поврзаност со нашиот “јунак”, стои во статусот на поранешниот премиер Никола Груевски

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести