Ангелов истакна дека и тој се наоѓа во еден од хеликоптерите.

Објавил: Владо Марин | 5 август, 2021 9:25

Хеликоптерите тргнаа кон Пехчево, Ангелов е во еден од нив, ќе го снима гаснењето на пожарот

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, предмалку објави дека хеликоптерите тргнале кон Пехчево, за да го гаснат пожарот.

-По извршеното извидување од страна на посадата на нашиот армиски хеликоптер, во овој момент полетуваат трите српски и уште еден наш хеликоптер. Вкупно 5 хеликоптери ќе дејствуваат врз големиот пожар, напиша Ангелов на фејсбук.

Ангелов истакна дека и тој се наоѓа во еден од хеликоптерите.

Се наоѓам во еден од хеликоптерите, за околу половина час, доколку мрежата е добра, ќе се обидам да се вклучам на ФБ во живо за да ви овозможам да погледнете како изгледа местото на пожарот како и процесот на гаснење од воздух, вели Ангелов.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.