Хисен Џемаили е роден 1976 година и живее во Тетово, каде во 1994 година завршува средно образование во гимназцијата „Кирил Пејчиновиќ“.

Објавил: Рејхан Бајрами | 31 август, 2019 18:06

ХИСЕН ЏЕМАИЛИ нов Министер без ресор задолжен за домашни инвестиции!

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Хисен Џемаили е избран за нов министер без ресор задолжен за регулатива за подобрување на инвестициската клима за домашните претпријатија.

Хисен Џемаили е роден 1976 година и живее во Тетово, каде во 1994 година завршува средно образование во гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“.

Во 2000 година се стекнува со диплома професор по географија и историја на Универзитетот „Луиѓ Гуракуќи“ во Скадар, Албанија, а во 2011 година и магистер по Менаџмент на животна средина, на Институтот за животна средина и здравје при Југоисточниот европски универзитет во Тетово. Од 2012 година работи на докторски студии на отсек одржлив развој на Еуропиан Универзитетот во Тирана.

Зборува албански (мајчин јазик), македонски и англиски јазик, од компјутерски вештини работи Ворд, Ексел и Пауер поинт, како и статистички програми, интернет и друго.

Работи како редовен асистент професор на Универзитетот во Тетово, на катедрата по Географија од 2012 година.

Од 2013 до 2017 година е претседател на Совет на општина Тетово, а од 2008 до 2011 година е пратеник во Собранието. Од 2007 до 2008 година работи како раководител на Сектор за инспекциски надзор при Комуналниот инспекторат во Општина Тетово.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести