Досега од смртоносниот коронавирус во Кина умреле 361 луѓе, а повеќе од 17 000 се заразени од вирусот што избувна во Вухан.

Објавил: Перо Милчин | 3 февруари, 2020 21:27

ХИТ НА СЕДНИЦАТА НА СЗО: Се закашла, па порача пред сите – НЕ ГРИЖЕТЕ СЕ, НЕ Е КОРОНА ВИСРУС (видео)

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Шефот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејсус, денеска на седницата започна да кашла, потоа го прекина својот говор за да пие вода и рече: „Не грижете се, не е корона вирус“.

Досега од смртоносниот коронавирус во Кина умреле 361 луѓе, а повеќе од 17 000 се заразени од вирусот што избувна во Вухан. Гебрејсус рече дека други 151 случаи се пријавени во 23 други земји, од САД до Јапонија.

Тој исто така рече дека нема потреба државите да преземат мерки кои „непотребно влијаат на меѓународното патување и трговија“, во обид да престанат со ширењето на коронавирусите.

„Ги повикуваме сите земји да спроведат правилни одлуки засновани врз докази“, рече Гереус пред Извршниот одбор на СЗО.

Тој ја повтори својата претходна порака дека „глобалното поврзување е слабост во епидемијата, но и нејзината најголема сила“.

Кина денес ги осуди некои земји, вклучително и САД, за забрана за влез од покраината Хубеи, централниот дел на епидемијата на коронавирус и за откажување на летовите, спротивно на препораката на СЗО, да не се преземат непотребни или прекумерни мерки.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.