Така извесен Марко решил да ги шармира своите соседи со аргумент дека е многу згоден и дека кога се ќе биде завршено со реновирањето на новиот тоалет можат да дојдат на заедничко туширање.

Објавил: Весна Петровска | 10 декември, 2019 12:39

ХИТ: ЈАС СУМ ВАШИОТ ЗГОДЕН КОМШИЈА: Вака Марко ги извести станарите дека ќе го руши тоалетот!

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Со новите и строги правила на куќниот ред, станарите на зградата мораат да имаат до знаење дека во сосдедниот стан ќе има рушење, лупање, бушење и стопирање на вода. Исто така и доколку правите прослава должност како станар во таа згрда да напишете соопштение и да го закачите на влезната врата од зградата.  На тој начин ќе се информираат соседите и ќе ги заобиколите сите непријатности кои би можеле да се случат доколку не се информирани.

Така извесен Марко решил да ги шармира своите соседи со аргумент дека е многу згоден и дека кога се ќе биде завршено со реновирањето на новиот тоалет можат да дојдат на заедничко туширање.

Драги соседи, Ваш драг, сосед од трети.

-Ќе направам хаос, ќе лупам и ќе рушам и ќе направам нов тоалет… Кој сака да види имам слика во телефонот. Нема да можете да спиете, но затоа кога ќе завршам…Сите кај мене на едно туширање. Сите да си донесете пешкир и немојте да ми доаѓате без влечки. Во понеделник ќе се ставаат плочки така да водо – инсталаторот ќе заврши со уништувањето на нашиот комунистички тоалет….стои во соопштението на овој станар.

Ова соопштение за кратко време стана вистински хит на социјалните мрежи.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.