вторник, 23 април 2024

MK/ EN/ DE



Како што објавија Властите наводно менувањето на името на државата е поради тоа што сегашното име Холандија ги асоцира туристите на наркотици и амстердамскиот кварт на црвените фенери, па поради тоа како што велат треба да се обнови сликата за земјата.

Објавил: Катерина Крстиќ | 7 октомври, 2019 11:17

Холандија го менува името во Нидерланд

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Од Холандија во Нидерланд, ќе се преименува државата по одлуката на Владата во Хаг. Имено името на државата од Холандија во Нидерланд ќе се менува  како дел од обидите за подобрување на глобалниот имиџ.

Холандија е кралство кое се наоѓа во Западна Европа. Вкупната површина на земјата изнесува 41.526², и според тоа се наоѓа на 135 место по големина во светот. Земјата граничи со Северното Море на север и запад, со Белгија на југ и со Германија на исток.
Холандија е една од најнископоставените земји во светот. Околу поливина од нејзината територија се наоѓа под еден метар надморска висина. На нејзината територија се наоѓаат четирите делти на нејзините најголеми реки: Рајна, Ваал, Меза. Холандија е на трето место на најгусто населените земји во светот. Највисокиот дел на Холандија се наоѓа на 321 метар.

Како што објавија Властите наводно менувањето на името на државата е поради тоа што сегашното име Холандија ги асоцира туристите на наркотици и амстердамскиот кварт на црвените фенери, па поради тоа како што велат треба да се обнови сликата за земјата.

Новиот имиџ на земјата ќе се гради на името Нидерланд, а ќе се популаризира на меѓународни настани, како на пример Евровизија 2020.

Предвидено е и спортистите на Олимпијадата 2020 во Токио да настапуваат под името Нидерланд.

Холандија  е поделена на два дела, европскиот дел од Кралството Холандија (холандски: Koninkrijk der Nederlanden). Холандија е парламентарна демократија со уставен монарх, лоцирана во северо-западна Европа. Се граничи со Северното Море на север и запад, со Белгија на југ и со Германија на исток. Холандија е административно поделена на 12 провинции. Денешните граници на Холандија се утврдени во 1839 година.

Холандија е една од најгусто населените и географски најниско позиционираните земји во светот, позната по своите брани, ветерници, кломпи, лалиња, велосипеди и толеранција.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.


Ние користиме колачиња за да ја подобриме практичноста на веб-страницата. Со вашата посета се согласувате со ова.