Премиерот на Холандија, Марк Руте, јасен и дециден, не може да се апси ако нема отворена кривична истрага, така да т.н. руски агенти "остануваат" обични граѓани на Холандија

Објавил: Мартин Попоски | 7 октомври, 2018 13:38

Холандија одби да апси руски агенти

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Холандската влада ја брани својата одлука да не ги притвори четворицата Руси, обвинети за обид за сајбер напад врз глобалното надзорно тело за забрана на хемиско оружје во Хаг.

Осомничените руски агенти беа испратени дома, бидејќи немаше кривична истрага. – рече холандскиот премиер Марк Руте.

САД и Велика Британија се приклучија на Холандија во обвинувањето на руските шпиони за серија сајбер заговори низ целиот свет.

Русија пак се пожали на менаџирана пропагандна кампања против Русија.

Одлуката на Холандија да не ги гони осомничените е во целосна спротивност со американската најава од пред два дена, да ги изедначи обвиненијата против четворицата, како и тројца други наводни членови на воената разузнавачка агенција на ГРУ.

Официјална Москва вчера соопшти дека холандскиот амбасадор во Русија бил повикан на разговор.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести