Властите веруваат дека мерките се клучни за заштита на болниците во земјата од преоптоварување, пренесуваат агенциите.

Објавил: Рејхан Бајрами | 28 ноември, 2021 10:46

Холандија од денеска во тринеделен делумен карантин

Фото/Текст извор: ©магазин

Од денеска во Холандија на сила е делумен карантин, во услови на рекорден број случаи на заразени со коронавирус и загриженост за ширење на потенцијално позаразната нова варијанта омикрон.

Најмалку во следните три недели, угостителските и културните институции како што се кафулињата, музеите и кината мора да затвораат во 17 часот по локално време.

Властите веруваат дека мерките се клучни за заштита на болниците во земјата од преоптоварување, пренесуваат агенциите.

Според Би-би-си, Холандија нема доволно слободни места за лекување на интензивна нега, операциите се откажани, а стотици луѓе умираат од ковид секоја недела.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.