Холандија е победник на Евровизија 2019 кое се одржа во Тел Авив, Израел.

Објавил: admin@magazin | 19 мај, 2019 1:08

ХОЛАНДИЈА ПОБЕДНИК НА ЕВРОВИЗИЈА 2019 ВО ИЗРАЕЛ !

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Холандија е победник на овогодинешниот натпревар за најдобра песна на “Евровизија„

Холандија е победник на Евровизија 2019 кое се одржа во Тел Авив, Израел. Данкан Лоренс ја однесе победата за Холандија.

Според гласањето на професионалните жирија од земјите учеснички на фестивалот шведската песна доби 239 бода, а Македонија само два бода помалку, 237. Публиката за Македонија даде 58 поени.

 Норвешка, Русија, Швајцарија, Италија и Холандија добија најмногу гласови од публика Швајцарија, Србија, Молдавија, Албанија, Велика Британија и Австрија на Македонија ѝ доделија 12 поени.

Тамара настапи во првата половина од финалето под реден број 8, а од срце ја пееше нејзината песна која доби многу позитивни коментари „Proud“. Македонската претставничка Тамара, уште еднаш покажа дека Македонија е достојна за ваква манифестација доминирајќи на сцената во Тел Авив. Таа ја пееше „Proud“ од срце а ние сме благодарни на неа што не претстави во најдобро светло.

Инаку по цели шест години, Тамара успеа да ја пласира Македонија во финалната вечер на Евровизија.

– Верувам во нас и сум горда на сите нас. Бројот осум симболизира бесконечност, а тоа значи дека сум бесконечно среќна со целиот мој тим – изјави Тамара од Тел Авив за Женски Магазин.
Инаку ова е 64то издание на изборот за песна на Евровизија, а се одржува во Тел Авив.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Настани