Оваа одлука ѝ дава право на Владата на Холандија да се обрати до Брисел

Објавил: admin@magazin | 16 април, 2019 20:20

Холандскиот парламент изгласа суспензија на визниот режим со Албанија, дали е на ред Македонија?

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Парламентот на Холандија го изгласа барањето на група пратеници за враќање на визите со Албанија, поради „зголемениот албански криминал“ во оваа земја.

На собраниската седница шефот на холандската дипломатија, Стеф Блок, изјави дека заострувањето на визниот режим е неосновано и оти тоа може да ги комлицира односите со Албанија.

Оваа одлука ѝ дава право на Владата на Холандија да се обрати до Брисел, бидејќи последниот збор во врска со барањето за враќање на визниот режим за албанските граѓани го има Европска Унија, објави тиранската телевизија „Топ-чанел“.

Во барање за укинување на визите за албанските граѓани се наведува дека тоа е неопходно поради видно зголемување на криминалот од страна на албанската мафија во Холандија, дека овие криминални организации ја злоупотребуваат можноста да патуваат без визи низ Европа и да ја прошират мрежата за криумчарење.

 Бевме приморани да бараме суспензија на визите за Албанија поради различни причини, вклучувајќи и спречување на прекуграничниот криминал. Бараме од Владата да поднесе барање до Европската комисија за започнување на процедурата за итно укинување на визната либерализација, зашто голем број Албанци кои пристигнуваат во Холандија како турсти, се вклучуваат во трговија со тешки дроги и шверц на луѓе кон Велка Британија, се истакнува во  барањето.

Вистинското прашање е овде дали е на ред и Македонија имајќи во предвид дека токму многу Албанци од Македонија се поврзани со истите криминални структури и нарко мафии?


Ниту една држава во која Албанците живеат во мнозинство или во значителен број нема да станат членка на Европската унија. Ова го напиша Арменд Нухиу  политички Аналитичар на својот фејсбук профил за што Магазин тогаш известуваше

Едноставно, Албанците немаат европски вредности што ги имаат земјите на Европската унија, вклучително и Бугарија и Романија напиша на својот Фејсбук, Фејсбук активистот Арменд Нухиу

И оваа Европа тоа го знае.

Албанските земји ќе се ограничат само на американските интереси на Балканот.
Жалам што Северна Македонија, дури и со променетото име, ќе биде жртва на Албанците и никогаш нема да биде дел од ЕУ.

“мора да се каже вистината, дури и ако е горчлива” Сократ го заврши својот статус Нухиу.

Сепка, статусот на Фејсбук објавен на 15 Јануари  , Арменд Нухиу уште истиот ден го избриша очигледно  под притисок  на безбројните критики од неговите сограѓани Албанци веќе го избришал. Армедн проба да ја каже вистинита, но е секој  мислата на Сократ ја како совет, туку  како напад и лична критика. 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести