Ќе биде снимано на неколку локации, а поради временските услови, ќе има студиски снимки, бидејќи дејството на филмот се развива во Јапонија и во САД.

Објавил: admin@magazin | 31 јануари, 2019 10:51

Холивудската звезда Џони Деп пристигна во Србија, со тим помошници и двајца кувари

Фото/Текст извор: ©онлине магаѕин

Актерот пристигна во Србија за снимањето на “Минимата”, со главна улога. Александар Тадиќ филмскиот режисер, рече дека Деп ќе остане во српскиот главен град точно шест недели.

Џони Деп ќе игра улога на познатиот фотограф Јуџин Смит. Тој е познат по серија фотографии за време на Втората светска војна.
Домаќините во Србија ќе бидат задолжени за удобноста и уживањето на ѕвездата од “Пиратите од Карибите” и му обезбедиле професионално обезбедување, за да го заштитат од упади на фанови и папараци.

Пентхаусот во кој ќе престојува холивудската ѕвезда, е на две нивоа со прекрасен поглед на центарот на Белград и има три бањи. Вработените на хотелот нема пристап до актерот. Тој донесе со себе тим на помошници и двајца готвачи. Првите денови ќе се снимаат во специјално изградени хангари лоцирани околу реките Дунав и Сава.

За првпат дојде во 1992 година како личен гостин на Емир Кустурица, со кого работеше со филмот “Аризонски сон”.Џ

Џони Деп ќе снима на неколку различни локации, а поради временските услови, ќе има студиски снимки, бидејќи дејството на филмот се развива во Јапонија и во САД. Над 10 стражари ќе го придружуваат славниот актер.

Снимањата ќе продолжат исто така и во Црна Гора.

Филмот ќе се снима во градот Тиват, а локациите се островот на цвеќето и зоолошката градина Парк на природата “, рече Александар Тадиќ. Ова му е трето доаѓање во Србија на главниот глумец.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.