Парадата на гордоста ќе се одржи на 29 јуни во Скопје.

Објавил: Перо Милчин | 4 јуни, 2019 11:29

Хомосексуалците бараат Заев да застане на ЧЕЛО да ја предводи парадата!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Уранија Пировска која претседателката на Хелсиншки Комитет лично го покани премиерот Зоран Заев, да биде дел од првата парада на гордоста во Македонија.

Претседателката Пировска очекува дека премиерот ќе се појави на чело и ќе ја води парадата на гордоста. 

– Очекувам премиерот да се појави на чело и да ја води парадата на гордоста. Како што беше храбар и визионер на многу теми, така да биде и на темата права и толеранција кон ЛГБТ заедницата. – истакна Пировска.

Парадата на гордоста ќе се одржи на 29 јуни во Скопје.

Хомосексуалнос е една од можните сексуални ориентации. Тоа е сексуална и емотивна привлечност кон лица од истиот пол.
Хомосексуалната ориентација не е ограничена ниту на еден одреден тип на луѓе. Геј мажи и лезбејки има на секоја возраст, култура, социјално опкружување, раса, религија и националност. Имаат различни професии и живеат во сите делови на светот.

Проширувањето на правата на хомосексуалните двојки започна во 1989 година, кога Данска ги озакони т.н. „регистрирани партнерства“ кои ги проширија имотните и наследните права на геј-двојките.

Со тоа, за прв пат во историјата на некоја национална Влада, се пружи не само заштита на геј и лезбиските двојки од дискриминација, туку им се дадоа и некои права кои ги имаа хетеросексуалните венчани двојки.

Норвешка постапи слично во 1993 година, кои потоа ги следеше и Шведска во 1995, како и Исланд во 1996 година.
Другите држави во Европа и Северна Америка, исто така, ги проширија правата на геј-двојките со т.н. цивилни унии. Сепак, Холандија беше таа држава каде за прв пат се легализираше истополовиот брак. Во декември 2000 година, холандскиот Парламент ја усвои легислативата со која им се дава право на истополовите двојки да склучуваат бракови, да се разведуваат и да посвојуваат деца.

На први април 2001, градоначалникот на Амстердам присуствуваше на првата церемонија на склучување на брак меѓу четири геј-двојки.

Во наредните 8 години, Белгија (2003), Шпанија (2005), Канада (2005), Јужноафриканската република (2006) и Норвешка (2008) го следеа примерот на Холандија и ги легализираа истополовите бракови. Шведска, најверојатно, е наредната држава која во своите закони ќе дефинира полово-неутрален брак, а за него ќе се гласа оваа година.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Настани