Монструозниот инцидент се случил вчера во просториите на Клиничкиот центар, кога началникот Дарко Голиќ отишол да види пациент.

Објавил: admin@magazin | 22 јануари, 2020 22:39

Хорор во Бања Лука: Началник на клиника силувал пациент(36) додека бил под анестезија (ВИДЕО)

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Д-р Дарко Голиќ, раководител на Клиниката за анестезија и интензивна нега на Ургентниот клинички центар на Република Српска, е уапсен вчера под сомнение дека вознемирува беспомошен човек на работното место.

Иако прво се појавија информации дека жртвата е малолетно момче, наскоро било утврдено дека мажот е 36-годишен татко на две деца кој лежел на клиниката.

Монструозниот инцидент се случил вчера во просториите на Клиничкиот центар, кога началникот Дарко Голиќ отишол да види пациент.

Целиот случај го пријавиле медицинските сестри кои откриле дека Голиќ сексуално малтретира несреќен човек.

Веднаш случајот го пријавивме во полиција и побаравме случајот да биде истражен, бидејќи наша цел е да ги заштитиме сите наши пациенти – рече д-р Џајиќ.

Џајиќ додаде дека пациентот е заштитен и навремено иницирал дисциплинска постапка против осомничениот Голиќ и го суспендирал од работа.

Директорот на полицијата на Република Српска, Дарко Кум, потврди дека истражувањата се во тек и дека тој досега не може да објави повеќе информации.
Тој додаде дека сите мерки предвидени со закон ќе бидат преземени против уапсениот работник.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.