- Обвинетиот државјанин на Босна и Херцеговина, при вршење семејно насилство телесно ја повредил и противправно ја држел затворена оштетената со која живеел во вонбрачна заедница во Кралството Шведска, информираат од ОЈО.

Објавил: Весна Петровска | 30 мај, 2019 16:17

ХОРОР ВО СКОПЈЕ: Жена преживеа пекол зад затворени врати

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Семејно насилство се случило во стан во Скопје, како што соопштија од Министетрството за внатрешни работи маж државјанин на Босна и Херцеговина ја тепал својата невенчана сопруга и ја заклучил во стан во Скопје.

Семејно насилство во стан во Скопје

Овој случај веднаш бил однесен пред надлежен јавен обвинител од Основото јавно Обвинителство во Скопје.

– Обвинетиот државјанин на Босна и Херцеговина, при вршење семејно насилство телесно ја повредил и противправно ја држел затворена оштетената со која живеел во вонбрачна заедница во Кралството Шведска, информираат од ОЈО.

Исто така од обвинителствотот додаваат дека обвинетиот и оштетената во мај 2019 година дошле во Македонија за да склучат брак. Зеле под закуп стан во Скопје во кој обвинетиот, вечерта на 23 мај во 23:00 часот, ја заклучил оштетената по што го фрлил клучот и го одзел мобилните телефони за жртвата да не може да бара помош. Потоа започнал да ја удира и турка оштетената. Поради дејствијата на обвинетиот кои траеле до 5:30 часот изутрината, оштетената се здобила со видливи повреди по телото.

За жал во Македонија се почесто има жртви на семејно насилство.

Согласно законската регулатива, Република Македонија обезбедува посебна заштита на семејството, мајчинството, децата, малолетните лица, децата без родители и без родителска грижа, како и на други лица кои ќе се најдат во некој социјален ризик. Законските акти обезбедуваат и заштита од семејно насилство, при што се забранува секаков вид на насилство во бракот и семејството, меѓу членовите на семејството, без оглед на пол и возраст.

Со регулирањето на семејното насилство во позитивното законодавство на РМ. во 2004 година, како и со дополнувања на Законот во 2006 и во 2008 година, (со што се постигнува хармонизирање со меѓународните стандарди и усогласување со кривичните прописи),Македонија се вброи во редот на државите кои покрај задолжителното давање соодветна заштита на жртвата на семејно насилство (мерки за заштита), воведе и комплементарна правна заштита на жртвите на семејното насилство (казненоправен и граѓанско-правен систем).

Со Законот за семејството се забранува секаков вид на насилство меѓу членовите на семејството, без оглед на пол и возраст. Под семејно насилство се подразбира малтретирање, навредување, загрозување на сигурноста, телесно повредување, полово или друго психолошко или физичко насилство со кое се предизвикува чувство на несигурност, загрозување или страв спрема: брачниот другар, родителите или децата или други лица кои живеат во брачна или вонбрачна заедница или заедничко домаќинство, поранешен брачен другар или лица кои имаат заедничко дете или се наоѓаат во блиски лични односи, вклучувајќи ги односите кои настануваат со посвојувањето и старателството, браќа и сестри, полубраќа и полусестри, постарите членови во семејството или заедничкото домаќинство и лица – членови на семејството или заедничкото домаќинство чија деловна способност е делумно или целосно одземена.

Под блиски лични односи во смисла на овој закон се подразбираат лични односи помеѓу лица од различен пол кои се или биле во партнерски односи, а не живеат во вонбрачна заедница. Центарот за социјална работа секогаш кога има сознание дека над лице е сторено семејно насилство, сам или на барање на лицето или член на неговото семејство презема мерки на заштита на жртвата на семејно насилство.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Инциденти

Толпата од повеќе илјади демонстранти потоа се упати кон Македонското собрание. Протестот во првите дваесетина минути до половина час, се одвиваше мирно, при што на насобраните, меѓу другите им се обратија и пејачката Ребека, како и актерката Весна Петрушевска.

Насилства пред Собранието: Повредени 47 полицајци, приведени 11 демонстранти на протестот

Собирот од мирен, за кусо време се претвори во четириесетминутна канонада од камења,...

После чекање од 45 минити, полицијата се појави на местото на настанот но него обрзбеди местото на несреќата, туку местото го обезбедија лица што се најдоа на местото!

Тешка несреќа кај Охрид: Полицијата дојде со закаснување од 45 минути

Тешка несреќа на магистралата Охрид Кичево! Денеска после 11 часот на магистралата...

Непознати сторители го оштетиле возилото и со цигли ги искршиле стаклата. Покрај тоа, бил провален автобусот и биле украдени личните работи на патниците и на возачите кои биле оставени во возилото.

НЕВИДЕН СРАМ: Во Скопје каменуван и ограбен српски автобус со руски туристи

Туристички автобус на српски автопревозник, кој превезувал руски туристи, бил каменуван...

Од месната заедница Галичник соопштија дека пожарот избувнал над хотелот „Неда“, а за состојбата известени се надлежните органи.

Голем пожар беснее над Галичник, испратен е хеликоптер за гаснење на огнот

Голем пожар избувна попладнево над Галичник. Според информациите, зафатена е борова...