Убиството се случи доцна ноќеска, пред три часот, на улицата „Македонско-Косовска бригада“.

Објавил: Македонка Димкин | 5 март, 2021 12:25

Хорор во Топанско поле: Убиените се скопјани на 24 и 28 години, кон нив пукале со пушка и пиштол

Фото/Текст извор: ©А1ОН

Двајцата убиени во кои ноќеска беше пукано се од Скопје, на возраст од 24 и 28 години, велат од МВР за „А1он“. Тие биле пронајдени мртви, а пукањето било пријавено од лица кои случајно се затекнале на местото и слушнале пукање. На местото се пронајдени повеќе чаури од пуштил и автоматска пушка.

Убиството се случи доцна ноќеска, пред три часот, на улицата „Македонско-Косовска бригада“.

Убиените се превезувале со патничко моторно возило „Цитроен“ со скопски регистарски ознаки. Итната медицинска помош констатирала само дека двете лица не давале знаци на живот. Остануваат непознати причините за двојното убиство, а од полицијата велат дека се преземаат мерки и активности за расчистување на случајот.

„А1он“ веќе објави дека уште доцна ноќеска многубројни полициски екипи се излезени на терен за расчистување на убиството. Сведоци на крвавиот настан биле и соседи кои биле разбудени од гласните пукотници.

Увидот на терен и натаму трае, а неофицијално, на разговор веќе се повикуваат лица од кои може да се дознаат повеќе детали за тоа што се случувало ноќеска при убиствата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.