Сириската воздушна одбрана се обиде да го одбие нападот на Израел во близина на Дамаск, објави Ројтерс.

Објавил: Мирко Бачиќ | 8 февруари, 2020 16:58

ХОРОР ЛЕТ: Авион со 172 патници за малку срушен во Сирија – Принудно слета во руската база

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Воздушната одбрана на Сирија скоро го погоди авионот Ербас 320 со 172 патници, кој веднаш слета во воената база Хмејим во Сирија, јави руската новинска агенција РИА.

Сириската воздушна одбрана се обиде да го одбие нападот на Израел во близина на Дамаск, објави Ројтерс.

Портпаролот на руското Министерство за одбрана изјави дека четворица израелски борбени авиони испукале осум ракети во предградијата на Дамаск, но не влегле во воздушниот простор на Сирија.

Неодамна украински патнички авион се урна кусо време по полетувањето од меѓународниот аеродром во Техеран. Во несреќата немаше преживеани.
Иранските државни медиуми, јавија дека Боингот 737-800 пренесувал 170 патници и членови на екипажот и летал кон Киев.

Уривањето на авионот доаѓа само неколку часа откако Иран лансираше напад со балистички проектили врз две бази во Ирак, каде се стационирани американски војници, како одмазда за убиството на генералот на Револуционерната гарда на Иран, Касем Солејмани.

Исто така снимката од камера за надзор покажуваше дека украинскиот патнички авион, во кој загинаа 176 луѓе, е погоден со две ракети откако полетал од Техеран на 8 јануари

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Инциденти

Меѓу демонстрантите имаше и попови, а на масовниот протест се извикуваа слогани и против Владата на Мицотакис, но и против новинарите.

Инциденти во Атина на протестот против вакцината и против задолжителната имунизација

Со инциденти меѓу полицијата и демонстрантите, со молотови коктели, солзавец и топови...