Авионот кружел во близина на Мадрид, помалку од четири часа да го истроши горивото пред принудното слетување.

Објавил: Перо Милчин | 4 февруари, 2020 7:26

ХОРОР ЛЕТ: На авион полн со патници му откажа мотор во воздух

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Вчера авионот „Боинг 767“ со 128 патници слета безбедно на аеродромот во Мадрид.

Авионот на Ер Канада вчера попладне мораше да побара дозвола за присилно слетување поради оштетување на еден од нејзините два мотори и пукање на гума на едно од нејзините 10 тркала.

Засега нема информации за тоа што предизвикало откажување на моторот.

Авионот кружел во близина на Мадрид, помалку од четири часа да го истроши горивото пред принудното слетување.

Авиокомпанијата соопшти дека авионот „имал проблеми со моторот кратко време по полетувањето“, како и со гумата на „Боинг 767-300. Во изјавата се додава дека авионот е „дизајниран да работи со еден мотор и дека пилотите се целосно обучени за таквата можност“.

„Сепак, беше прогласена вонредна состојба за да се даде приоритет при слетувањето“, појасни Ер Канада.

Боинг 767 е патнички широкотрупен млазен авион со среден до голем долет. 767 собира од 181-375 патници и има долет од 9.400 – 12.200км, зависно од верзијата. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Инциденти

Меѓу демонстрантите имаше и попови, а на масовниот протест се извикуваа слогани и против Владата на Мицотакис, но и против новинарите.

Инциденти во Атина на протестот против вакцината и против задолжителната имунизација

Со инциденти меѓу полицијата и демонстрантите, со молотови коктели, солзавец и топови...