Девет годишната Лора морала да чека покрај мртвите тела на своите родители противпожарните единици да го пресечат лимениот кров од автомобилот

Објавил: Мирко Бачиќ | 30 август, 2018 8:04

Хорор: Покрај мртвите тела на родителите, дете чекаше пожарникарите да ја спасат

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Двајца сопружници се мртви, а нивната 9-годишна ќерка тешко повредена откако вчера по 13 часот со нивниот автомобил излетале од патот во близина на Ријека, Хрватска.

Како што јавуваат локалните медиуми, од се уште неутврдени причини, 43-годишнио возач на автомобилот марка Шкода прешол во спротивната насока на движење при што, со кочење повторно се вратил во својата лента, излетал од коловозот и удрил во дрво.

Истрагата треба да покаже што го натерало возачот да смени правец на движење и зошто толку силно кочел.

Веста за сообраќајката која остави сираче едно 9 годишно девојче го потресе регионот.

Иако се здобила со тешки повреди, 9-годишната Лора е надвор од животна опасност, а медиумите пишуваат дека сведочела за смртта на нејзините родители додека со нивните безживотни тела ги чекала пожарникарите да ја извадат од возилото бидејќи уништениот лим ја приклештил нејзината нога.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.