Пријавениот бил повикан во Полициската станица Тетово и се работи на целосно расчистување на случајот.

Објавил: Перо Милчин | 16 јули, 2019 13:01

ХОРОР СРЦЕНА: Силувано петнаесетгодишно девојче во Тетово!

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Доцна синоќа, 15 минути по полноќ, петнаесетгодишно девојче заедно со нејзините родители, пријавило во Секторот за внатрешни работи Тетово дека врз неа била извршена обљуба.

Од канцеларијата за односи со јавноста при СВР Тетово, соопштија дека во пријавата се наведува дека 22-годишен тетовец, со кого била во љубовна врска ја извршил обљуба врз неа на 11 јули, годинава околу 21 часот, во нивниот дом.

Пријавениот бил повикан во Полициската станица Тетово и се работи на целосно расчистување на случајот.

Исто така минатиот месец во 04,00 часот утрото било пријавено дека жена од Скопје била малтретирана и силувана.

Имено во Единицата за известување и команда Скопје, било пријавено дека во стан на улица „Владимир Комаров“ во Скопје, 49- годишната Л.Ј била малтретирана и врз неа била извршена обљуба од страна на 39- годишниот С.Б од Босна и Херцеговина, со кого претходно биле во врска што таа не сакала да ја продолжи.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.