Индексот ги пресметува месечните промени на просечните цени на основните прехранбени намирници - житарки, месо, млеко, масло и шеќер. ФАО неодамна предупреди дека поради војната во Украина цените на храната може да се зголемат за 20%.

Објавил: admin@magazin | 9 април, 2022 13:55

Храната е поскапена како никогаш досега

Фото/Текст извор: ©DW

Организацијата на Обединетите нации за храна, ФАО, соопшти дека цените на прехранбените намирници во март забележале рекорд. ФАО-индексот на цени на прехранбени намирници во март годинава изнесувал 159,3 поени (во февруари изнесуваше 141,4 поени).

Индексот ги пресметува месечните промени на просечните цени на основните прехранбени намирници – житарки, месо, млеко, масло и шеќер.

ФАО неодамна предупреди дека поради војната во Украина цените на храната може да се зголемат за 20%. 

Опасноста од безредија поради леб на Блискиот Исток се зголемува од ден во ден. Во Египет многу луѓе веќе не можат да си дозволат погача, чија цена во рок од три недели по почетокот на руската инвазија на Украина се зголеми за 50%. Сега властите во Каиро повлекуваат кочница и ја ограничија цената на лебот на една египетска фунта (околу 5 центи). Повеќето граѓани во земјата немаат пари ниту за плаќање на ваква цена. Две третини од населението добива субвенциониран леб.

Египет е многу зависен од увоз на пченица. Повеќе од половина од потребите се покриваат со увоз, а најголемиот дел од увозот е од Русија и Украина. Владата во Каиро стравува дека лебот може да стане „кнап“ и скап и веќе побара помош од Меѓународниот монетарен фонд. Стравот од протести на населението е голем. Во најголемите „лебни“ немири во Египет во 1977 година имаше многу жртви.

Арапската пролет во Египет и земјите од Магреб беше предизвикана делумно и од цените на лебот и другите прехранбени намирници. Особено е лоша состојбата во Либан. Таму во супермаркетите веќе нема брашно. Резервите на пченица наводно се доволни само за уште неколку недели. Таква е ситуацијата во една земја која 60% од својата пченица увезува од Русија и Украина и каде во 2020 година од експлозија беа уништени најважните складишта за житарки во пристаништето во Бејрут.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести