Изјавата на српскиот претседател причина за дипломатски скандал со Хрватска

Објавил: Мирко Бачиќ | 7 август, 2018 10:59

Хрватската претседателка ја откажа посетата на Србија

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Поради изјавата на српскиот претседател Александар Вучиќ дека “Хитлер сакаше свет без Евреи и дека Хрватска и нејзината политика сакаат Хрватска без Срби” хрватската претседателка Колинда Грабар – Китаровиќ нема да ја посети Србија. 

По последниот потег на Вучиќ невозможно е дури и да се размислува за подобрување на односите меѓу нашите земји – изјави висок државен претставник.

Тој додаде дека следи длабок пад во односите со Србија на неопределен период што значи дека нема разговор за посета на хрватската претседателка во Србија.

Според истиот извор “за некое време не е потребно да се очекуваат состаноци на високи владини претставници од Хрватска и од Србија” но го појаснува и ставот на Грабар – Китаровиќ “иако се лути поради споредба со нацистичкиот режим во локалните политички кругови се смета дека претседателот на Србија постигнал толку многу радикален автогол.” 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.