Колинда истакна дека е важно Хрватска и Израел заедно да се грижат за Европа и Медитеранот и оти соработката и заедничката борба против тероризмот и ширењето на оружјето за масовно уништување се најважни за безбедноста на народот.

Објавил: Катерина Крстиќ | 30 јули, 2019 10:47

Хрватската претседателка ќе и помага на Македонија за влез во ЕУ

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

По средбата со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Ерусалим, Хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ изјави дека Хрватска ќе им помогне на соседните земји да влезат во Европската унија.

Колинда Грабар-Китаровиќ е хрватски дипломат и политичар. По победата во вториот круг на 11-ти јануари 2015 година на хрватските претседателски избори во 2014-2015, против претседателот социјалист Иво Јосиповиќ таа е  4-тиот претседател на Хрватска која дојде на функцијата на 19 февруари 2015 година. Таа е првата жена претседател на Хрватска.

– Можеме да направиме многу добри работи, но исто така и да потонеме во хаос. И затоа мора да го надгледуваме сето она што се случува околу нас и, што се однесува до Хрватска, да им помогнеме на соседните земји – БиХ и Македонија – да влезат во Европската унија, рече Грабар-Китаровиќ.

Колинда истакна дека е важно Хрватска и Израел заедно да се грижат за Европа и Медитеранот и оти соработката и заедничката борба против тероризмот и ширењето на оружјето за масовно уништување се најважни за безбедноста на народот.

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести