Од граничната полиција на БиХ велат дека хрватското Министерство за внатрешни работи денеска ги известиле дека ќе има краткотраен прекин на сообраќајот, поради поставување на оградата.

Објавил: Рејхан Бајрами | 10 јуни, 2019 22:17

ХРВАТСКА ТРГНА ПО СТАПКИТЕ НА ТРАМП- постави ограда на границата со БиХ!

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Денеска Министерството за внатрешни работи на Хрватска на граничниот премин Маљевац кон Босна и Херцеговина постави метална заштитна ограда, која ќе ги спречи мигрантите илегално да влезат во земјата.

Има голем број мигранти кои престојуваат на подрачјето на Унско-санскиот кантон, кај Велика Кладуша, а веќе неколку пати мигрантите се обидоа да поминат преку граничниот премин Маљевац, со цел да влезат на просторот на Европската унија.

Министерството за внатрешни работи на Хрватска денеска на граничниот премин Маљевац кон Босна и Херцеговина постави висока метална заштитна ограда, која треба да ги спречи мигрантите илегално да влезат во земјата.

Денеска од граничната полиција на БиХ изјавија дека хрватското Министерство за внатрешни работи, им соопштиле дека ќе има краткотраен прекин на сообраќајот, поради поставување на оградата.

По големите проблеми и нарушување на јавниот ред и мир, од вечерва на мигрантите им се забранува движење надвор од прифатните центри. Населението живее во голем страв од напливот на агресивни мигранти низ улиците , планините и имотот на граѓаните.

Во периодот дојде до повеќе масовни тепачки меѓу мигранти од Пакистан и Авганистан, а повеќе од нив се тешко повредени, неколкумина ги загубија животите.

Ситуацијата во Б и Х е сериозна поради неконтролираното однесување на над 3.000 мигранти.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.