Сепак, со правосилна пресуда донесена пред неколку дена, на неа и беше доделена само половина од бараната сума - 50.000 куни. Судот го прогласи за правичен надомест за она што таа го доживеаала.

Објавил: Катерина Крстиќ | 5 март, 2020 11:50

Хрватски војници ме соблекуваа гола и ме гореа, тепаа и силуваа секоја вечер- страотно сведоштво на жена која го преживеала вистински ХОРОР

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Бев заробена од хрватската армија во 1992 година во Сисак. Ме одведоа во воениот логор Керестинец. Три и пол месеци бев постојано ментално, физички и сексуално малтретирана од припадниците на ХВ “, вака ја започнува својата исповед една жена во општинскиот граѓански суд во Загреб која своето мачење го опиша во тужбата, во која се бараше 100 000 куни како отштета (нешто повеќе од 13.000 евра) од Република Хрватска за пеколот што го преживеа во Керестинац. 

Сепак, со правосилна пресуда донесена пред неколку дена, на неа и беше доделена само половина од бараната сума – 50.000 куни. Судот го прогласи за правичен надомест за она што таа го доживеаала.

За злосторствата извршени во логорот Керестинец во 2017 година, беа осудени Стјепан Клариќ, командант на воените затвореници, кој прво беше во затворот Загреб на улицата Гајева 30а, а потоа во преместен во касарната Керестинец, заедно со неколку негови колеги- Дражен Павловиќ, Виктор Иванчин, Жеjко Живец и Горан Струкеj. Клариќ доби осум години затвор, додека другите беа осудени на една и пол година, до пет години.

Сите беа прогласени за виновни за воените злосторства. Од декември 1991 до 25 мај 1992 година, Клариќ и неговите луѓе злоупотребувале затвореници, вклучително и жената од Сисак.

„Мојот сопруг  и јас бевме однесени од нашиот дом во Сисак на 21 јануари 1992 година. Двајца војници облечени во униформи на хрватската армија дојдоа да не соберат. Ни рекоа дека добиле наредба и треба да нè носат. Беше доцна вечер. Врнеше снег. Сопругот штотуку се врати од работа, беше втора смена. Не одведоа во расадник каде нè чекаа други војници. Не одведоа на испрашување. Мислам дека беше околу два часот наутро.

Тие ме прашуваа за моето заминување во Босна. Оттаму, колку што можам да се сетам, се вратив шест дена порано. Ја посетував свекрвата. Мојот син во тоа време беше во редовната армија, ЈНА, во Македонија, а ќерка ми беше со свекрвата во Босна, каде што имаше намера да го продолжи своето образование. Мојот сопруг не отиде во Босна со мене затоа што мораше да работи.

МЕ МАЧЕА МЕНЕ И МОЈОТ СОПРУГ:

По сослушувањето таа вечер, откако го претепаа, мојот сопруг беше ослободен. Ги слушнав неговите извици затоа што нè испрашуваа во одделни простории. Мене не ме тепаа таа ноќ.

И двајцата го дочекавме утрото на суд. Мојот сопруг отиде дома а мене ме одведоа во Железара,  каде што имаше воено складиште. Бев таму со други луѓе што не ги познавав наредните осум дена.

Силување, навреди, закани, танцување…

Кога доаѓаа по мене тие го извикуваа моето име. Јас излегував во ходникот каде веднаш ми  ставаа вреќа на главата. Ме носеа во други простории. Тие постојано ме навредуваа. Потоа велеа дека сум мајка четничка, дека сум најдобра за секс … постојано бев силувана. Два или три пати секоја вечер. 

Тие нè принудуваа да правиме ужасни работи. Ни ставаа пиштол во устата, нож под вратот. Постојано добивав закани дека ќе завршам во црна кеса. Ги тераа мажите да се соблечат до половина, а жените обратно. Не тераа да танцуваме. Не добивавме лекови. Оброк имавме два пати дневно. Се туширавме еднаш на осум дена кога се собираа и не гледаа голи.

Цело време носев иста облека. Тие доаѓаа по мене секоја вечер. Ми ставаа вреќа на главата за да не видам каде одам. Се препотував од страв веднаш штом ги слушнав војниците ноќе. Не можев да спијам. Не можам ни денес.

Цело време повраќав, откако ме пржеа со струја. Тие ми се закануваа и дека ќе го доведат и мојот сопруг . 

Ме одведоа во Босна, каде останав до пред 15 години. Јас ги немав документите, па не можев да се вратам кај мојот сопруг во Хрватска иако го побарав тоа. Јас дојдов тука пред 15 години. Видов дека веќе други станари се преселиле во мојата куќа, па морав да се борам за да ја вратам. Продолжувам да пијам нервна терапија и постојано чувствувам болка во градите и стомакот “, сведочеше таа на суд.

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.