Делегација на ВМРО-ДПМНЕ предводена од претседателот Христијан Мицкоски денеска во Битола учествуваше во одбележуваето стогодишнината од крајот на Првата светска војна

Објавил: Перо Милчин | 11 ноември, 2018 16:37

Христијан Мицковски на чествување на стогодишнината од крајот на Првата Светска Војна

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Денеска во Битола на француските гробишта по повод одбележувањето на стогодишнината од крајот Првата светска војна, присуствуваше делегација на ВМРО-ДПМНЕ предводена од претседателот Христијан Мицковски, потпретседателот на партијата Владо Мисајловски и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во Битола, Иванчо Тошевски. 

По повод Денот на примирјето од Првата светска војна („Commémoration du 11 novembre 1918“) и Денот на народна жалост („Volkstrauertag“), амбасадите на Република Франција и на Сојузна Република Германија заедно го одбележуваат споменот за сите мртви, ранети, изчезнати и раселени лица, за жртвите на насилство и ранети лица од сите војни и сите народи.

Комеморациите денеска се одржуваат на француските воени гробишта во Битола и на германските воени гробишта во Битола.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.