Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вечерва ќе гостува во телевизија ТВ 21.

Објавил: admin@magazin | 16 април, 2019 17:33

Христијан Мицкоски вечерва ќе гостува на ТВ 21 во 21:30 часот!

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вечерва ќе гостува во телевизија ТВ 21.

Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО ДПМНЕ, напиша на социјалните мрежи дека вечерва ќе гостува во емисијата „Клик плус“ во 21:30 часот.

Пред неколку недели пред тоа, Мицкоски имаше ТВ дуел со премиерот на Република Македонија Зоран Заев, а двајцата претседатели ги оправдаа очекувањата на гледачите.

Во студиото на Само вистина имаа двочасовен дуел а на крајот Мицкоски со патриотски гест му подари беџ со натпис Република Македонија на Заев, кој премиерот Заев го одби.
Двајцата лидери на партиите на крајот се испратија џентлменски, исто како што дојдоа во телевизијата.

Двајцата беа предизборно убедени во победа на својот кандидат. Премиерот Заев призна дека стравува од бојкот во вториот круг, но Христијан Мицкоски, вети дека нема да бојкотира во услови на фер и демократски избори. Тој не одговори дали ќе поднесе оставка ако Гордана Силјановска биде поразена, но доби потврда што доколку Стево Пендаровски не победи на претседателските избори.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести