Заев и неговата каста знаат дека само месеци се во прашање кога народот ќе ги порази а Македонија ќе победи!“

Објавил: Рејхан Бајрами | 28 август, 2019 8:02

Христијан Мицкоски го заигра орото со знамето од ВЕРГИНА( фото)

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски синоќа во селото Радовишка Ораовица прв го заигра орото, веејќи го знамето со сонцето од Вергина.

Христијан Мицкоски на социјалните мрежи напиша дека вчера го посетил Радовиш и преубавиот манастир Свети Горѓи.

Тој во својата објава вели дека станавме држава каде премиерот е главата, а министрите главни пипци на криминалниот откопод кој хара по Македонија. Наша обврска е да го вратиме сето она што е разрушено и украдено, да се бориме за секоја педа Македонска земја која ја опустошија и искрадоа, пишува Мицкоски.

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски синоќа во селото Радовишка Ораовица прв го заигра орото, веејќи го знамето со сонцето од Вергина.

„Бев во Радовиш и Радовишка Ораовица, во преубавиот манастир Свети Горѓи. Сликата за тоа како живее Македонецот е тажна и жална, целосно спортивна од говорите на премиерот и неговата свита. Народот е огорчен од кастата на власт, за кои најважни се парите, криминалот и нивниот личен бенефит. Секој ден, секој час, Македонецот губи нешто. Ја губи слободата, стабилноста, интегритетот, идентитетот со кој тргуваат, ја губи европската иднина, зошто такви луѓе ни ја водат земјата. Наместо борба против криминалот имаме власт која води борба да го заштити криминалот, наместо борба за правда имаме промоција на неправда.

Народот веќе не им верува, а не им верува зошто удрија по се што е свето и важно за нашите граѓани. На народот му одземаа три години, време на стагнација, време на најцрниот криминал некогаш сторен досега. Станавме држава каде премиерот е главата, а министрите главни пипци на криминалниот откопод кој хара по Македонија.

Затоа наша обврска е да го вратиме сето она што е разрушено и украдено, да се бориме за секоја педа Македонска земја која ја опустошија и искрадоа. Да обезбедиме иднина и обнова на Македонија и сигурност на секој еден граѓанин. И Заев и неговата каста знаат дека само месеци се во прашање кога народот ќе ги порази а Македонија ќе победи!“

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.